Дали треба да уринирате во базен?

Секое лето некои пливачи, не само деца, се соочуваат со еден збунувачки проблем. Што да правите кога имате нагон на уринирање додека сте во вода?

Дали да го направите тоа или не?

Секој пливач порано или подоцна се соочува со оваа одлука. За што ќе се решите, останува на вашата совест. Еве неколку факти кои ќе ви помогнат.

Урината е 95% вода

Останатите 5% вклучуваат нуспроизвод од варењето, од типот на:

Секое лето некои пливачи, не само деца, се соочуваат со еден збунувачки проблем. Што да правите кога имате нагон на уринирање додека сте во вода?

Дали да го направите тоа или не?

Секој пливач порано или подоцна се соочува со оваа одлука. За што ќе се решите, останува на вашата совест. Еве неколку факти кои ќе ви помогнат.

Урината е 95% вода

Останатите 5% вклучуваат нуспроизвод од варењето, од типот на:

УРЕА – Состојка произведена во црниот дроб која служи како возило за отстранување на вишокот амонијак и нитроген.

КИСЕЛИНА  –  Оваа киселина се произведува кога телото вари одредена храна или течности како што е пивото. Станува збор за антиоксидант кој помага во регенерација на оштетените клетки. Птиците исфрлаат големи количини од оваа киселина. Уринарната киселина всушност е белата материја во изметот на птиците.

ХЛОРИД, НАТРИУМ, БИКАРБОНАТ – Хемикалии битни за одржување на здравјето

И – Микроскопски остатоци, мртви крвни клетки и (во зависност од вашите животни навики) хемиски остатоци од тутун, лекови и други супстанци исфилтрирани од страна на бубрезите.

Што ќе ви се случи доколку никогаш не се ослободите од овие материи?

Ќе настапи смрт.

–          Телото сака да ги држи работите во рамнотежа. Во подолг период премногу хемикалии или состојки, па дури и поголема количина вода може да го прегази вашиот метаболизам. Во најлош случај престанокот на бубрезите со работа  или долгорочното неисфрлување на уреа можат да доведат до кома или смрт.

Дали ќе ви се случи нешто страшно доколку ја задржите урината кога претерано ви се оди во тоалет?

–          Апсолутно не. Задржувањето на урината за неколку минути па дури и часови, колку и да изгледа непријатно, не е опасно. Всушност способноста да „се задржите“ е клучен маркер за социјализација. Вежбајте „одење во тоалет“ за да не ви се случуваат често непријатни ситуации.

Дали урината е опасна?

Ниту една од супстанците содржани во нормалната  урина не е во доволна количина за да биде опасна.

Нормалната урина е чиста во моментот кога е во мочниот меур. Понекогаш собира по некоја бактерија од уретерот или гениталните ткива на патот за надвор. 

Во повеќето од базените се ставаат хемикалии со цел да се намали ризикот од проширување на разни болести, но тие не се целосно ефективни.

Затоа, дали треба да уринирам во базен?

Следете го златното правило. Дали би сакале да пливате во урината на некој друг?

  • Една студија вели дека киселината од урината помешана со хлор создава токсична состојка. Но, забелешките на оваа студија велат дека количините на урина кои просечно би можеле да се исфрлуваат во добро одржуван базен претставуваат мал ризик за здравјето. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!