Плунката е од особено значење за навлажнувањето и чистењето на устата и варењето на храната. Плунката, исто така, штити од инфекции со тоа што ги контролира бактериите и габите во устата. Кога не сме во состојба да произведеме доволно плунка, устата станува сува. Но, постојат разни методи на лекување на оваа состојба.
Кои се причините за „сува уста“?
Постојат неколку причини кои доведуваат до ксеростомија (сува уста):
– Несакани ефекти од некои лекови. Сувата уста понекогаш може да биде резултат на многу лекови кои се користат за лекување депресија, анксиозност, болка, алергија, настинка, намалување на телесната тежина, психички нарушувања, епилепсија, хипертензија, дијареа, гадење, уринарна инконтиненција, астма, Паркинсонова болест итн. Исто така, може да биде резултат на користење лекови за опуштање на мускулите и седативи.
– Несакани ефекти од некои заболувања и инфекции. Сувата уста понекогаш може да биде несакан ефект од некои заболувања од типот на ХИВ/СИДА, Алцхајмерова болест, дијабетес, анемија, цистична фиброза, ревматоиден артритис, хипертензија, Паркинсонова болест, мозочен удар итн.
– Несакан ефект на некои медицински третмани. Оштетувањето на жлездите кои лачат плунка заради зрачењето на главата и вратот и третманот против канцер наречен хемотерапија.
– Оштетување на нервите. Сувата уста може да биде резултат на оштетување на нервите во пределот на главата и вратот. Оштетувањето може да биде поради хируршка интервенција или повреда.
– Дехидрација. Состојбите кои доведуваат до дехидрација од типот на треска, прекумерно потење, повраќање, дијареа, губење крв, изгореници
– Хируршко отстранување на жлездите кои лачат плунка.
– Животни навики. Пушењето може да влијае врз произведувањето на плунката и да предизвика сушење на устата. Исто така, оваа состојба се јавува доколку постојано дишете преку устата.
Третман
Доколку докторот се посомнева дека оваа состојба се јавува како резултат на некој лек, тогаш истиот ќе се замени со друг или ќе се намали дозата. Исто така, може да се препишат и лекови кои го стимулираат производството на плунка (Салаген).
Други чекори кои би можеле да ги преземете во врска со оваа состојба се следниве:
– Џвакање бонбони или гуми за џвакање кои не содржат шеќер
– Зголемен внес на вода
– Заштитување на забите употребувајќи паста за заби која содржи флуорид
– Дишење преку носот
– Вештачка замена за плунката