Можеби мислите дека дијабетесот и здравјето на вашите заби немаат многу допирни точки, но верувајте дека не е така. Доколку не ја контролирате оваа болест и не водите сметка за вашите заби, може да се појават сериозни компликации.
Како е поврзан дијабетесот со оралното здравје?
– Дијабетесот ве прави помалку отпорни на инфекции
– Дијабетичарите имаат чести проблеми со сува уста
– Кариесот кај овие личности се развива многу побрзо и полесно
– Кај луѓето со дијабетес многу побавно зараснуваат раните ( вклучувајќи ги и раните од стоматолошките интервенции или вадење заб )
Луѓето кои имаат дијабетес имаат големи шанси да имаат проблеми и со забите, но за да ја спречат оваа појава неопходно е да имаат здрави навики. Еве неколку совети како да ја подобрите хигиената за да имате здрави заби :
– Имајте контрола врз нивото на гликоза
– Нека вашиот лекар ви изготви диета за исхрана и почитувајте ја
– Мијте ги забите најмалку двапати дневно
– Употребувајте мека четка за миење на забите и бидете внимателни додека ги миете забите за да спречите појава на крвавење
– Мијте ги забите нежно и внимателно
– Често менувајте ја четката за заби
– Користете забен конец
– Престанете со пушењето
Известете го вашиот стоматолог дека имате дијабетес за да ви закаже редовни стоматолошки прегледи.