Проблемите со бубрезите го оштетуваат срцето

Хроничната бубрежна болест е „тивок“ убиец. Во почетен стадиум болеста нема симптоми, додека во крајниот стадиум на болеста потребно е лекување  со дијализа и трансплантација на бубрег. Секое нарушување во работата на бубрезите го зголемува и ризикот од болести на срцето и мозочен удар.

Хроничната бубрежна болест е „тивок“ убиец. Во почетен стадиум болеста нема симптоми, додека во крајниот стадиум на болеста потребно е лекување  со дијализа и трансплантација на бубрег. Секое нарушување во работата на бубрезите го зголемува и ризикот од болести на срцето и мозочен удар.

Дали има поврзаност меѓу бубрежните и срцевите заболувања?

Најновите истражувања укажуваат на тесна поврзаност меѓу бубрежните и срцевите заболувања. Се смета дека не постои болен кому му се оштетени бубрезите воедно да нема оштетувања на срцето и крвните садови. Истото правило важи и обратно – секој срцев болен е потенцијален и бубрежен болен.

Кои се симптомите на хроничната бубрежна болест?

Хроничната бубрежна болест се јавува и напредува без никакви симптоми во својот ран стадиум. Во почетен стадиум болеста нема симптоми, додека во крајниот стадиум на болеста потребно е лекување  со дијализа и трансплантација на бубрег. Секое нарушувањево работата на бубрезите го зголемува и ризикот од болести на срцето и мозочен удар.

Што треба да направиме за да ги превенираме бубрежните и срцевите заболувања?

Потребна е брза и сеопфатна здравствена акција и превенција и рано откривање на бубрежните и срцевите заболувања бидејќи нивното заедничко делување може да предизвика здравствена катастрофа кај огромен број луѓе. Развивање на поголема свест кај населението за можноста од рано откривање или, уште подобро, спречување на овие заболувања ќе донесе бенефит за сите. Затоа, ако до сега знаевте колку е важен холестеролот за вашето здравје, од сега грижете се и за креатининот – огледало на бубрежното здравје. Тој е важен показател за функцијата на бубрезите и едноставно се одредува преку анализа на крвта. Мојот апел до сите граѓани е доколку имате висок крвен притисок, дијабетес, зголемена телесна тежина,  возраст над 50 години и доколку во семејството имате болен од бубрежна болест, веднаш јавете се на лекар за да ви ја провери функцијата на бубрезите. Едноставниот преглед на урина и прегледот на концентрацијата на креатининот во крвта може даја открие болеста во ран стадиум, а со тоа да се забави прогресијата.Ако навреме се открие, ова заболување може да се превенира и да се забави прогресијата, а со тоа и да се одложи дијализата.

Седум златни правила кои ќе ви помогнат да ги заштитите вашите бубрези

Постојат неколку едноставни начини за да го намалите ризикот од бубрежна болест:

  • Бидете физички активни и во форма- на тој начин ќе можете да го контролирате крвниот притисок и тежината
  • Редовно контролирајте го шеќерот во крвта  – раното откривање и лекување на дијабетесот го намалуваризикот од болести на бубрезите
  • Контролирајте го крвниот притисок – артериската хипертензија е втора причина за намалување на функцијата на бубрезите
  • Хранете се здраво и контролирајте ја телесната тежина – намалете го внесот на сол до 5 грама дневно. Не ја досолувајте храната!
  • Не пушите – пушењето неповолно делува на циркулацијата на крв во бубрегот и на тој начин ги оштетува, а истовремено го зголемува ризикот од рак на бубрегот за 50 %
  • Не земајте неконтролирано лекови – лековите против болки можат да ги оштетат вашите бубрези
  • Проверете ја функцијата на бубрезите доколку имате еден или повеќе ризик фактори.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!