Правилното дишење овозможува оптималното количество на кислород преку крвотокот да пристигне до секоја клетка со што телото се исхранува правилно.
Во услови на современ живот и изложеност на секојдневен стрес и загадување, голем дел од луѓето не дишат правилно. Дишењето е плитко па поради тоа страдаат, односно “гладуваат” мозокот и телото. Со плиткото дишење се зголемува количеството на застоен воздух во долните делови од белите дробови, при што е оневозможен процесот на отсранување на токсините од телото (Со дишењето телото ослободува околу 70% од целокупните токсини) Ако не дишете правилно овој процес се забавува, а тоа е погодно за развој на многу болести.
Да научиме правилно да дишеме, за да имаме подобро здравје.
Благотворното дејство на правилното дишење е од непроценлива вредност: зголемено снабдување на крвотокот со кислород, зголемена елиминација на токсините од телото, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на крвниот притисок, пододбрување на циркулацијата. Правилното дишење го забрзува процесот на заздравување на организмот, го смирува целокупниот нервен систем, го намалува стресот и делува благотворно на менталното и емоционалното здравје.
Длабокото дишење го забрзува заздравувањето на повредите и болестите, а особена помош е при болестите на дишниот систем како ХОББ, астма и бронхитис.