Дишете преку нос, маските за на уста не се практични

Д-р Јовковски од „Аџибадем Систина“ советува за загадувањето

Најдобро е да се дише преку нос, бидејќи слузницата на носот има многу влакненца, кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува. Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита

Д-р Јовковски од „Аџибадем Систина“ советува за загадувањето

Најдобро е да се дише преку нос, бидејќи слузницата на носот има многу влакненца, кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува. Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита

Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита. Нивните пори се многу поголеми и попропустливи, затоа не се потпирајте на нив, советува доктор Оливер Јовковски од клиничката болница „Аџибадем Систина“ за порталот „Телеграф мк“.

Хронично болните со респираторни заболувања (астма, хроничен бронхитис), но и кардиолошките пациенти се особено ранливи на честичките на загадениот воздух, вели доктор Јовковски, пулмоалерголог од клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој дава препораки за тоа што може да направи секој од нас за помалку да вдишува загаден воздух.

– Најдобро е да се дише преку нос, бидејќи слузницата на носот има многу влакненца, кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува. Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита. Нивните пори се многу поголеми и попропустливи, затоа не потпирајте се на нив. На пазарот постојат повеќе уреди што се рекламираат дека го прочистуваат воздухот, но домашните уреди не можат многу да придонесат за прочистување. Постои технологија што може да направи да дишеме чист воздух во затворена просторија, но таа е многу скапа – вели д-р Јовковски.

Тој нагласува дека најранливи групи се хронично болните со респираторни заболувања како што се астма, хроничен бронхитис, но и кардиолошките пациенти.

Респираторно болните се особено ранливи бидејки дел од нив често консумираат и цигари. Под ризик се и децата кај кои се очекува зголемена акумулација на аерозагадувањето во текот на животот, како и возрасните здрави лица.

– Хронично болните, старите лица и децата треба што пократко да се изложуваат на отворено, а подолго време да поминуваат во затворено. Во периодите од годината кога овие честички се најзастапени практикувајте да седите во затворени простории. Ако нивото на загадувачки честички во воздухот е зголемено држете ги прозорците затворени – вели доктор Јовковски.

Тој објаснува дека честичките ПМ10 И ПМ2,5 се два вида честитки, кои најмногу се застапени и се главни елементи на воздушното загадување. Бројките ја означуваат нивна големина во микрометри. Овие честички тешко се филтрираат и преку белите дробови влегуваат во сите органи и во крвотокот. Kолку што се помали честичките, толку се полесни и побрзо продираат во дишните патишта, но и преку циркулацијата на белите дробови можат да стигнат во системската циркулација. Другите загадувачи како сулфурдиоксид и азотен диоксид и ЦО2 повеќе ја загадуваат средината, но и локално влијаат врз белите дробови, објаснува доктор Јовковски. Други мерки што би можеле да го намалат загадувањето на воздухот се дислокација на тешките загадувачи и обнова на застарениот возен парк ако се знае дека новите возила загадуваат до 500 пати помалку.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!