ЗОШТО ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ ДЕЦА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ДИШЕЊЕТО?

Ако во минатото неинвазивна вентилација (НИВ) се користела за одржување на дишењето по екстубација за избегнување неуспех од истата, сега постои сè поголем тренд за употреба на НИВ во ран третман на респираторниотдистрес синдром (РДС). Според д-р Радица Муратовска – Делимитова, неонатолог, вој синдром се јавува како резултат на недостиг на белодробен сурфактант, кој ја обложува површината на алвеолите во белите дробови, со што го намалува површинскиот притисок и спречува алвеоларен колапс. Неговиот дефицит резултира со прогресивна ателектаза на алвеолите, намалена белодробна растегливост, зголемен напор при дишење, респираторна слабост и белодробна повреда. Колку е помала гестациската недела повисок е ризикот за развој на тешка форма РДС. 71% од децата родени со многу ниска родилна тежина имаат РДС, а 35% од нив имаат сè уште потреба од кислородна поддршка во 36.коригирана возраст.

Во последните години терапијата со сурфактант доведе до значително подобрување во поглед на преживувањето, особено кај предвремено родените под 1000 грама. Но, техниките што се користат во третманот на РДС може до доведат до белодробно оштетување и секундарни компликации. Овие оштетувања се резултат на ефектот на механичка повреда од асистирана вентилација, токсичност на кислородот и белодробна инфламација. Токму поради тоа тренд во терапија на РДС и е НИВ, помалку инвазивен начин за одржување на белодробниот волумен и подобрување на оксигенацијата.

ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА

 Незрелоста на респираторниот систем кај предвремено родено заедно со нестабилниот граден кош ги прави дишните патишта склони кон колапс и причинува респираторна слабост. Предностите од неинвазивната вентилација се:

 • обезбедување поддршка и зацврстување на дишните патишта, поткрепа на дијафрагмата и зголемување и одржување на луменот на дишните патишта, како и поттикнување на раст на белите дробови.

• одржување на функционалниот резидуален капацитет како што е при состојбата на дефицит на сурфактант во алеолите на предвремено родените со зголемување на спонтаните респираторни движења и минутната вентилација, зголемување на белодробна комлијанса и сочувување (презервирање) на сурфактантот.

• избегнување на вентилатор асоцирана белодробна повреда и превенција на БПД.

 • превенција на штетната ендотрахеална интубација при која се јавува хемодинамска нестабилност, зголемена белодробна резистенција, акутна или хронична траума на дишни патишта, зголемен ризик од инфекции поради колонизација на трахеја и намалена потреба од трауматска аспирација.

НЕИНВАЗИВНА ВЕНТИЛАЦИЈА НАЈНОВ МЕТОД ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

 Неинвазивната вентилација е атрактивен избор за респираторна поддршка кај предвремено новородените и е ефикасна во намалување на потребата од инванзивна механичка вентилација и компликациите асоцирани со истата вклучително и бронхопнеумонална дисплазија.

КОГА ИМА ПОТРЕБА ОД НЕИНВАЗИВНА ВЕНТИЛАЦИЈА?

Најчеста индикација е умерен до тежок РДС. Помага во спречување на алвеоларниот колапс, рекрутмент на повеќе алвеоли, што доведува до подобро оксигенација преку зголемување на функционалниот резидуален капацитет. Ефектот на НИВ кај предвремено родените деца (<29 ГН) е подобрен со аплицирање на сурфакант при прогресија на РДС, а истиот се изведува со минимално инвазивна техника (LISA). Овој пристап може уште повеќе да ја намали потребата од механичка вентилација и да го подобри исходот кај новородените со многу ниска родилна тежина.

• Апнеа на предвремено родени деца

• Поекстубација, особено кај новородени со многу мала тежина, намалувајќи ја стапката на неуспешни екстубации, ја намалува инциденцата на апнеи, респираторната ацидоза и зголемува искористување на кислород по период на механичка вентилација

• Транзиторна тахипнеја на новороденче/задоцнета адаптација. Кај овие состојби придружени со вишок течност во белите дробови обезбедувабелодробна експанзија

• Меѓу останатите општи индикации се: пневмонија, меконијален аспирационен синдром/ други аспирациони синдроми, белодробен едем/ хеморагија, ларингомалација/трахеомалација/ бронхомалација.

Контраиндикации за изведба на НИВ се прогресивна респираторна слабост, конгенитални аномалии (хоанална атрезија,расцеп на непце, трахеоезофагеална фистула, конгенитална дијафрагмална хернија), тешка кардиоваскуларна нестабилност (хипомнезија) или лош респираторен циклус (чести апнеи со брадикардија) кои не се подобруваат со употреба на НИВ.

ТИПОВИ НА НЕИНВАЗИВНА ВЕНТИЛАЦИЈА

Постојат неколку типови неинвазивна вентилација кај новороденчињата која може да се спроведува како поддршка со едно ниво CPAP и High Flow Nasal Cannula (HFNC) или како поддршка со две нивоа Nasal Intermittent Positive Pressure Ventilation (NIPPV). Постојат и неколку различни интерфејси за достава на НИВ, како лицеви маски, насофарингеални и носни.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!