Добрите и лоши страни на јајцето

Сигурно често се прашувате дали да изедете едно варено јајце или не поради холесторолот во жолчката кој го зголемува неговото ниво во организмот и му штети на срцето. Меѓутоа, едно од истражувањe на оваа тема покажува дека нема цврста поврзаност меѓу луѓето кои во умерени количини јадат јајца и срцевите и мозочните удари. Еве ги добрите и лоши страни на јајцето…

Сигурно често се прашувате дали да изедете едно варено јајце или не поради холесторолот во жолчката кој го зголемува неговото ниво во организмот и му штети на срцето. Меѓутоа, едно од истражувањe на оваа тема покажува дека нема цврста поврзаност меѓу луѓето кои во умерени количини јадат јајца и срцевите и мозочните удари. Еве ги добрите и лоши страни на јајцето…

Добри страни

–          Јајцата содржат витамини А, Д, Е, Б2, Б6 и Б12. Единствен витамин што го нема во јајцето е витаминот Ц.

–          Содржат минерали, железо, цинк, калциум, селен и јод.

–          Тие се еден од најдобрите извори на протеини.

–          Добри се за видот.

–          Добри се за мозокот бидејќи можат да ја зголемат меморијата и когнитивните вештини.

–          Јајцата ги подобруваат вашите рефлекси преку тирозинот, амино киселина која се наоѓа во нивниот состав и може да биде од големо значење во моментите кога треба брза реакција како при возењето автомобил.

–          Ова храна го намалува ризикот за заболување од канцер, а антиоксидансите кои се наоѓаат во јајцата го намалуваат и ризикот од срцеви болести.

–          Помагаат и за регулирање на крвниот притисок.

–          Јајцата го намалуваат апетитот и се одличен избор за оние кои сакаат да ја намалат телесната тежина. Протеините во јајцето брзо заситуваат и ве држат сити подолго време

Лоши страни

–          Јајцата се познати како богат извор на маснотии и холестерол, кои во едно јајце ги има околу 200мг. Холестеролот во јајцата се наоѓа исклучително во жолчката.

–          Епидемиолозите сметаат дека консумирањето јајца нема големо влијание врз болестите на кардиоваскуларниот систем, но повеќе од шест јајца неделно можат да го зголемат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем

–          Протеините од  јајцата се водечка причина за појава на алергија на храна

–          Суровите јајца може да содржат салмонела. Истражувањата покажале дека едно од 20.000 јајца ја содржи бактеријата салмонела. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!