Ехо преглед за дијагноза на воспалено слепо црево

И покрај тоа што оперативниот зафат на слепото црево се изведува уште од 1886 година, дијагностиката на ова често заболување во одреден број случаи сè уште не е сосема прецизна.  Дијагнозата многу често може да се превиди или да биде сосема нејасна,  така што бројот на лажно позитивните и лажно негативните дијагнози расте со бројот на пациентите и достигнува бројка и до 25%.

И покрај тоа што оперативниот зафат на слепото црево се изведува уште од 1886 година, дијагностиката на ова често заболување во одреден број случаи сè уште не е сосема прецизна.  Дијагнозата многу често може да се превиди или да биде сосема нејасна,  така што бројот на лажно позитивните и лажно негативните дијагнози расте со бројот на пациентите и достигнува бројка и до 25%.

Бројката на болестите кои даваат слични симптоми на воспалено слепо црево достигнува и до 50%. Најчести болести се:  мезентеријалниот лимфаденит (особено чест кај децата), циста и торзија (увртување) на јајник, камче во десниот бубрег или мочовод или неспецифична болка во долниот дел на абдоменот за која нема некое особено клиничко објаснување.  Во најголем број случаи дијагнозата на воспалено слепо црево може да стане јасна според симптомите и резултатите од лабораториски тестови, но во одреден број случаи постојат дијагностички дилеми. Со цел да се постави точна и навремена дијганоза на пациентите, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“  покрај стандрадниот преглед,  при дијагностицирање на воспаление на слепо церево се користи и ултразвук (ехотомографија) на абдомен.  Методата е  безболна и безбедна по здравјето на пациентите. 

Ултразвучната (ехо) дијагностика  на „слепо црево“ е особено важна метода за точна дијагноза кај децата, кои многу често не можат јасно да ја лоцираат болката, го отежнуваат прегледот и соработката. Бројката на прснати црева кај децата достигнува и до 30%. Таа состојба дава големи последици, особено кај девочињата, кај кои се јавува стерилитет и до 22%.

Ненавремената дијагностика на воспалено слепо црево кај бремени жени може да доведе до прскање на слепото црево во првите 12 часа од појавата на симптомите. Перфорацијата е почеста и кај старите лица поради брзиот прогрес на симптомите, како и погрешното мислење дека воспаленото слепо црево е невообичаено ретка болест кај постари лица. Компликациите од прснато слепо црево потешко се лекуваат и можат да го загрозат животот (смртноста кај постарите лица изнесува меѓу 3-5%).

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!