Естетски третмани за здрава и сјајна кожа пред и по летниот одмор

Тајната на сјајот на вашето лице се крие во здравиот и младешки изглед, кој во естетската дерматологија се постигнува со безбедни процедури и внимателен индивидуален пристап. Комбинацијата на витамински коктели и хијалурон пред одмор и дополнително хемиски пилинг по завршување на одмор, за кратко време водат до феноменални резултати.

Хемиските пилинзи помагаат во отстранување на изумрените клетки и поттикнување на епидермисот за создавање на нови, додека витаминските коктели и хијалуронот прават оптимално дополнување во потребите за здравјето и негата на кожата.

Тајната на сјајот на вашето лице се крие во здравиот и младешки изглед, кој во естетската дерматологија се постигнува со безбедни процедури и внимателен индивидуален пристап. Комбинацијата на витамински коктели и хијалурон пред одмор и дополнително хемиски пилинг по завршување на одмор, за кратко време водат до феноменални резултати.

Хемиските пилинзи помагаат во отстранување на изумрените клетки и поттикнување на епидермисот за создавање на нови, додека витаминските коктели и хијалуронот прават оптимално дополнување во потребите за здравјето и негата на кожата.

Во Центарот за естетска дерматологија во „Аџибадем Систина“ пациентите имаат можност да добијат стручни совети за регенерација на кожата и соодветен преглед преку кој се одредува вистинскиот избор на естетска процедура.  Изборот за третман на секој пациент е индивидуален, подготвен по направена соодветна проценка за потребите на одреден тип на кожата. 

Пред да заминете на одмор…

Со цел да ја зајакнеме структурата на кожата, да ја збогатиме нејзината еластичност а со тоа да ја подготвиме за сите предизвици на летниот период можеме да искористиме дел од многубројните естетски процедури. Колаген идукционата терапија (дермаролер) како и мезотерапијата се препорачуваат еден месец пред започнување на годишниот летен одмор. Со помош на дермаролерот механички се стимулира кожата за исфрлање на оштетениот дел, создавање на нов колаген, поттикнување на фактор на раст, што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со ваквата подготовка се формираат микроканали во кожата низ кои се овозможува внес на различни материи (мезотерапија). Имено со мезотерапијата користиме ампуларни коктели кои содржат комбинација на хијалуронска киселина и витамини.

Ефектот од ваквата естетска процедура (мезотерапија и дермаролер) е враќање на свежината на кожата, поголема затегнатост, еластичност и најважно од се богата хидратација. Благодарение на овие безбедни ефикасни средства кожата е здрава и е подготвена за предизвиците кое ги носи летото. 

Регенерација и нов сјај на кожата по летниот период

Во периодот после летниот одмор, вашата кожа може да изгледа здраво и потемнето, но доколку не ја добила вистинската нега може да остане сува, дехидрирана, груба на допир, нееластична и склона кон чешање и перутање. За оптимално здравје и регенерација на најголемиот орган на телото, потребно е поттикнување на размена на материи, отстранување на мртвите клетки, хидратација и дополнително хранење.

Основното прашање на кое треба да одговорите, пред да започнете сериозно да се грижите за својата кожа е – Што сакам? Современите светски текови на естетската дерматологија инсистираат на природен, здрав и свеж изглед како единствен постулат на убавината.  Дерматолозите ширум светот апелираат за пациентите да водат сметка за типот и количината на препарати кои ги користат и да ги слушаат советите на своите дерматолози. Естетската дерматологија е креативна бидејќи секој пациент е единствен. Одбирањето и редоследот на процедури, како и количината на препаратите, зависат само од добро познавање на супстанциите, креативноста во пристапот и потребите на пациентот. Една иста процедура не може да се примени на секој пациент на ист начин

Дозволете си убавината да биде вашиот избор, а естетската дерматологија сигурен и успешен пат кон поубав и здрав изглед.Кожата е огледало на здравјето и затоа започнете да ја негувате навреме, не воздржувајте се да побарате совет и помош од стручни лица.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!