Лошите животни навики како што е исхраната богата со маснотии, брзата храна и спортската неактивност можат да го зголемат ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања. Со цел да се заштитите од овие заболувања, како и од оние кои доаѓаат со староста, потребно е да се храните на соодветен начин. Всушност, постојат состојки кои навистина можат да ви го продолжат животот.
Кафе
Кафето е најпопуларниот напиток на светот. Можеби ова се должи на фактот дека ни помага да останеме полни со енергија и концентрација. Денес многу истражувања ги истражуваат другите придобивки од кафето. Всушност, кафето е голем извор на антиоксиданти. Тие помагаат во процесот на отстранувањето на веќе оштетените клетки предизвикани од оксидативниот стрес кој доведува до мултиплекс склероза и канцер.
Кељ
Иако спаѓа во групата на „тазе“ зеленчуци на здравствената сцена, кељот со право се покажа како суперѕвезда. Тој е богат со витамин А, кој го потпомогнува имунолошкиот систем, дури и спречува некои типови канцер. Покрај тоа, поради лутеинот кој го содржи кељот е добар за некои функции на очите. Поради тоа што е богат со витамин К, кељот ја подобрува подвижноста кај лицата кои имаат ревматоиден артритис. Претераната употреба на кељот може да доведе до разредување на крвта поради количеството на витамин К кое го содржи. Покрај тоа има и витамин Ц, кој е добар за тонусот на кожата, но и витамин Б6.
Боровинки
Сигурно дека нема да ви треба оправдување доколку ви се јадат повеќе боровинки. Секако боровинките ги ставаме на листата на потенцијални придобивки. Оксидативниот стрес има голем ефект врз уништувањето на невроните во мозокот кои не можат така лесно да се заменат. Научно е докажано дека боровинката може да го победи оксидативниот стрес за кратко време и да ги подобри когнитивните и моторните вештини. Исто така, овие топчиња со разорна моќ можат да помогнат во лекувањето на невродегенеративните заболувања како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, како и мултиплекс склероза.