Што е иглена биопсија?
Кога во дојката се откриени сомнителни наоди треба да се направи иглена биопсија или сомнителната област треба да се испита со операција со цел да се постигне дијагноза. Во случаи каде што сомнителни наоди не може да се откријат со палпација, потребна е иглена биопсија со помош на методи на снимање во клиника за радиологија. Времетраењето на оваа процедура варира од метод на метод, но трае околу 20-40 минути.
По завршување на постапката, наодите се наведуваат како бенигни, сомнителни (атипични) или малигни. Сите заболувања на дојката прво се дијагностицираат со иглена биопсија.
Како се применува?
Пред биопсија се аплицира локална анестезија во дојката и со помош на различни игли се зема доволен број ткивни примероци од сомнителни површини. Доколку се открие карцином на дојка во резултатите од биопсија, пациентот треба повторно да има операција. Сепак, кај жените со сомнителни наоди ризикот од откривање карцином е околу 10-40% во просек. Со други зборови, кај поголемиот број пациенти не се открива карцином. Ако со иглена биопсија се открие дека заболувањето е бенигно, пациентот се спасува од многу непотребни процедури. На пример, пациентот не прима непотребна анестезија, нема потреба од операција и нема потреба да остане во болница.
Иглените биопсии може да се применат со помош на ултразвук, мамографија (стереотактичен метод) или МР. Ултразвукот е најпрепорачлива процедура бидејќи е удобен метод и за пациентот и за докторот, нема зрачење и иглата цело време може да се следи на екранот.
Биопсија на наодите кои се добиени со мамографија се прави со стереотактичен метод, со помош на мамографијата, додека биопсијата на наодите кои се добиени со МР може да се изврши со помош на МР.
Во целиот свет заболувањата на дојката прво се дијагностицираат со иглена биопсија. За време на иглената биопсија пациентот прима локална анестезија. По биопсијата пациентот може да се врати дома истиот ден.
Аспирациона биопсија со тенка игла (FNAB)
Кога се користи?
Овој метод најчесто се применува со помош на ултрасонографијата. Се користи за отстранување на течноста во градните цисти или за биопсија на лимфни јазли на пазувите. Биопсијата може да се прави и на маси кои се многу мали или се наоѓаат длабоко во дојките.
Примена на методот: При процесот на тенка иглена биопсија со игла се става локална анестезија во областа врз која се прави биопсијата, а потоа тенката игла се става во сомнителната област. Потоа, одредена количина течност се вади со шприц. Оваа течност се става на стакло за потоа да се испита под микроскоп од патолог со цел да се открие дали има присуство на сомнителни клетки или не. Патологот е обично присутен за време на биопсијата за да се види дали се извадени доволно клетки. Доколку примерокот не е доволен за дијагноза, постапката може да се повтори неколкупати.
Предности
- Со оглед на тоа што иглата е многу тенка, при овој метод нема потреба да се сече кожата.
- Резултатите можете да ги добиете за неколку часа.
- Оваа процедура е најевтината меѓу сите процедури на биопсија бидејќи за извршување на постапката се доволни само игла и шприц.
Недостатоци
- Точноста на овој метод е помала од другите биопсии (70-80%)
- Доколку биопсија не се изврши во присуство на патолог, можно е резултатите да се нецелосни. За да се оценат резултатите од биопсијата потребно е специјалистичко искуство на патолози.