Лубеницата е најпопуларната летна храна, а покрај тоа што освежува и служи како десерт, таа е полна со чудесни состојки. Запознајте се со здравите материи кои ги содржи лубеницата.
1. Лубеницата содржи повеќе ликопен дури и од свежиот домат.
Во само една шолја лубеница исечена на парчиња има околу шест грама ликопен, додека истата количина домат содржи четири грама. Ликопенот се смета за чудесен антиоксидант кој го блокира делувањето на слободните радикали, а со тоа и оштетувањето и стареењето на клетките во телото. Ликопенот, исто така, делува и како превенција од појава на некои срцеви и малигни заболувања. Со цел да извлечете максимум од ликопенот пред да започнете со јадење, чувајте ја лубеницата на собна температура.
2. Нејзиниот сок го забрзува заздравувањето на мускулите по тренинзите.
Свежата лубеница е најдобро решение за болните и осетливи мускули. Аминокиселината L-citrulin која ја има во лубеницата го забрзува процесот на отстранување на вишокот млечни киселини во мускулите. Млечната киселина е главен виновник за чувството на пецкање и затегнување во мускулите кое се јавува по напорно вежбање. L-citrulin е одговорен за брзо заздравување на мускулите, подобра циркулација, намалување на крвниот притисок и подобра сексуална функција.
3. Лубеницата не е само овошје туку и зеленчук
Иако најчесто се јаде како овошје бидејќи е слатка, оваа здрава намирница спаѓа во групата на зеленчуци. Тоа што ја класифицира во родот зеленчуци е фактот дека е плод на едногодишна билка.
4. Таа содржи повеќе вода од која било друга намирница
Лубеницата во просек содржи околу 91% вода, што е неверојатно во смисла на хидратација. Па, поради фактот дека летото е период на честа дехидратација на телото, јадењето лубеница и тоа како може да помогне. Покрај тоа, лубеницата делува како диуретик бидејќи ги поттикнува бубрезите да работат, со што телото побрзо ги исфрла токсините од крвта.