Испрекинатиот сон може лошо да влијае на здравјето

Плачењето на детето, домашните миленичиња, камионот за носење ѓубре, и многу други работи можат да бидат причинители за немирен сон. За многумина солидните осум часа спиење се невозможна мисија, за други, пак, и шестчасовниот сон звучи како фантазија, а најновото истражување вели дека испрекинатиот сон е исто толку нездрав како недоволниот.

Со цел да се соберат што повеќе информации во врска со тоа како испрекинатиот сон влијае врз нашето здравје, направено е истражување кое вклучило околу 60 млади луѓе, а притоа е користен актиграф, уред сличен на рачниот часовник.

Првата вечер испитаниците имале добар сон и спиеле во текот на целата вечер, без притоа сонот да им биде прекинат. Утрото им биле зададени неколку задачи со цел да се направи проценка на нивната когнитивна способност и анкета со чија помош се проценува нивното расположение.

Другата вечер сонот на испитаниците бил прекинат со ѕвонење на телефон. На некои од испитаниците им биле дадени некои задачи веднаш по ѕвонењето, додека другите продолжиле да спијат, па следното утро одговарале на задачите.

По вечерта кога сонот на испитаниците бил прекинат, учесниците имале проблем со концентрацијата и се чувствувале нерасположено. По ова, истражувачите дошле до заклучок дека испитаниците на кои сонот им бил прекинат покажале ист ефект со оние кои спиеле само 4 часа.

Со ова истражување се докажа дека прекинатиот сон не е добар по нашето здравје. Луѓето кои имаат прекинат сон побавно реагираат, имаат проблеми со концентрацијата, со донесувањето на одлуките, почесто страдаат од депресија и повеќе чувствуваат болка.

Прекинатиот сон негативно влијае врз здравјето, го зголемува крвниот притисок како и на обидите за слабеење. Доколку некој има проблем со постојано прекинување на сонот, треба да се обрати кај доктор

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!