Што ако радиологот забележи некоја чудна промена на вашите дојки на мамограмот?
Стравот од ова сценарио секако дека постои и никој не сака да му се случи. Но, постојат факти кои доколку ги знаете, можеби малку ќе ве смират. Повеќето од абнормалностите кои се појавуваат на мамограмот не се карцином на дојка.
Некои абнормалности кои се забележуваат на мамограмот бараат дополнителни испитувања. Со дополнителните испитувања (техники за снимање, биопсија), повеќето од абнорманлностите се утврдуваат како нормално ткиво на дојката или бенигно (неканцерозно) ткиво.
Што е мамограм?
Американското здружение за канцер им препорачува на жените редовен мамографски преглед еднаш во годината, по 40. година.
За тоа дали ви е потребен мамографски скрининг, одлуката ја донесувате вие и вашиот доктор. Доколку имате повеќе од 40 години, зборувајте со вашиот доктор за тоа кога треба да започнете со мамографските скрининзи.
Мамографскиот скрининг подразбира снимање на секоја дојка во две различни позиции: од горниот дел кон надолу и од едната кон другата страна. На резултатите од мамограмската снимка ткивото на дојката е прикажано со бела и нејасна боја, додека масното ткиво е потемно и прозирно.
Потенцијални абнормалности можат да се најдат кај повеќе од 11% од жените кои доаѓаат на мамограмски прегледи. Оваа мала група жени подлежи на понатамошни испитувања кои вклучуваат дијагностички мамограм, ултразвук на дојка и биопсија. На 20% до 50% од овие жени ќе им биде дијагностициран карцином на дојка.
Мамограмот има прецизност од 85% до 90%. Овој апарат може да открие абнормалности во дојката пред истите да се прошират.