Карциномот на бели дробови е директно поврзан со пушењето. Пушачите и луѓето кои се изложени на чад од цигари имаат зголемен ризик за појава на карцином на бели дробови. Најдобриот начин да го превенирате карциномот на бели дробови е да престанете да пушите. Луѓето кои почнале со пушење во тинејџерска возраст имаат поголем ризик за појава на ова малигно заболувања, за разлика од оние кои започнале во адолесценцијата. Децата чии родители пушат цигари имаат поголем ризик за појава на бронхитис и други болести на респираторниот систем.
Учете од грешките
Имавте неколку неуспешни обиди за да се откажете со цигарите? Секогаш учете ги грешките од минатиот пат. Прашајте се што ве натера повторно да се вратите на цигарите. Во продолжение следуваат неколку корисни совети што ќе ви помогнат да ја откажете оваа лоша навика.
– Побарајте помош. Вашиот доктор секогаш е тука за вас. Освен од докторот, побарајте помош од семејството и пријателите.
– Охрабрете го вашиот пријател да се откаже. Уште една голема причина да се откажете од цигарите е ако имате пријател покрај вас кој ја има истата намера.
– Избегнувајте да консумирате алкохол, кафе или некој друг пијалак што ве поврзува со навиката да запалите цигара.
– Научете друг механизам за ослободување од нервозата и стресот
– Посетувајте ресторани и места каде што е забрането пушењето.
Запомнете, никогаш не е предоцна за да го унапредите вашето здравје и да се откажете од цигарите.