Кога ќе дојде пубертетот

Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките промени, но секое дете се развива на свое темпо. Пубертетот обично почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. За момчиња, пак, пубертетот почнува од 10 до 14. Просечната возраст е 12-тата година.

Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките промени, но секое дете се развива на свое темпо. Пубертетот обично почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. За момчиња, пак, пубертетот почнува од 10 до 14. Просечната возраст е 12-тата година.

Растот на дојките обично е првиот знак за почетокот на пубертетот кај девојките. Прво, се формираат мали грутки зад брадавиците. Овој процес може да биде болен, но болката си оди штом градите ќе израснат. Немој да се плашите доколку едната дојка расте со поголема брзина од другата. Отокот во градите може да се појави и кај момчињата, но тоа има тенденција да исчезне во рок од една година или две.

Првиот знак на пубертет кај момчињата е зголемување на големината на тестисите. По градите и тестисите почнуваат да растат и влакната на телото. Ќе почне појава на влакна под пазувите, површината околу гениталиите, како и во пределот на брадата кај мажите.

Акните се исто така неизбежен детаљ од пубертетот. Високото ниво на хормони за време на пубертетот ја предизвикува нивната појава. Масните жлезди во овој период се поактивни и децата повеќе се потат. Честата хигиена на телото и лицето ќе помогне во намалување на појавата на акни. Доколку вашето дете има проблем со акните, побарајте совет од дерматолог.

Промени има и во растот и телесната тежина, како кај момчињата така и кај девојчињата.

Менструацијата е знак дека девојчето е и физички возрасна и е во состојба да се забремени. Доколку вашата ќерка нема менструален циклус може да поразговарате со вашиот гинеколог. Обично девојчињата добиваат циклус од 10 до 16 година.

Кон крајот на пубертетот вашиот син ќе има промени во гласот. Ќе добие подлабок глас, гласните жици ќе се задебелат и неговиот грклан ќе се зголеми.

Кога да се јавите на лекар

Следете ги телесните промени на вашето дете  и побарајте помош од доктор во случај ако:

  • Знаците на пубертет се јавуваат кај девојчињата пред 8. година од животот или кај момчињата пред 9. година.
  • Не се јавуваат симптоми на пубертет и покрај тоа што детето има 13 или 14 години

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!