Компирот е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи околу 60 хранливи материи, витамини и минерали како калциум, бакар, цинк, железо, калиум, фосфор, но и витамини од типот на Б1, Б2, Б3, Б9. Исто така, тој содржи и витамин Ц, што ја подобрува апсорпцијата на железото, но и елементи кои се корисни за срцето. Запомнете, во 100 грама компири има само 80 калории. Тој содржи и многу калиум, а има помалку калории од лебот, оризот и тестенините.
Само неколку компири дневно на организмот му ја даваат потребната дневна доза од витамин Ц. Содржи и флавоноиди кои штитат од болести на дишните патишта, болести на срцето и крвните садови и карцином.
Во продолжение Ви нудиме едноставен и здрав рецепт со компир.
Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
3 големи компири
Пола лажичка оригано
Сол и црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Покријте го дното на тавата со маслиново масло.
- Измијте ги и излупете ги компирите. Исечете ги на коцки. Ставете ги во садот за печење и превртете ги неколкупати за да го впијат маслото. Потоа додајте го ориганото, солта и црниот пипер врз нив.
- Печете ги на 180 степени околу 1 час.