Контролирајте ја телесната тежина

Лицата со прекумерна телесна тежина имаат зголемен ризик за појава на карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези. Со зголемувањето на телесната тежина се зголемува и ризикот од појава на голем број заболувања како што се проблеми со кардиоваскуларното здравје, дијабетес, остеоартритис, слип апнеа  и многу други. Затоа медицинските лица препорачуваат да ја одржувате нормалната телесна тежина во текот на живот.

Body Mass Index – соодносот помеѓу телесната тежина и висина

BMI (Body Mass Index) претставува значаен индекс со кој може да пресметате дали имате вишок килограми, дали сте во границите на нормалните вредности или сте под нормалата. Се базира врз формулата на белгискиот математичар Адолф Кјуетелет (телесната маса поделена со квадратот од телесната висина). BMI не ги зема предвид возрасните групи, расите и многу други фактори што влијаат на крајниот резултат.

Табела според Светската здравствена организација

Категорија

BMI

Потхранетост

< 18,5

Нормална тежина 

18,5 – 24,9

Зголемена тежина  

25,0 – 29,9

Угоеност I степен     

30 – 34,9

УгоеностII степен     

35 – 39,9

Угоеност III степен   

> 40

Угоеност I степен – нормална телесна тежина (зголемување од 10-30 %)

Угоеност II степен – зголемена тежина (зголемување од 30 -50 %)

Угоеност III степен – зголемена телесна тежина (зголемување од 50-100%)

Угоеност IV степен – зголемена телесна тежина (зголемување над 100%)

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!