Летни методи за борба против стресот

Во летниот период поминуваме многу повеќе време на отворено отколку во кој било друг период од годината, а активностите од типот на годишните одмори, скарата со пријателите, разните групни спортови објаснуваат зошто ова годишно време најмногу нè опушта. 

Зелената околина или природното опкружување е поврзано се намалувањето на стресот, додека изложеноста на сонце може да го намали крвниот притисок и да го подобри целокупното здравје.
Ви нудиме неколку предлози за тоа како да уживате на отворено и како да го намалите секојдневниот стрес.

1. Прошетка низ парк

30-минутна прошетка во паркот ќе му делува смирувачки на вашиот ум. Неодамнешно истражување докажало дека прошетката во природа со зеленило делува на вашиот ум како еден вид медитација.

2. Работа во градината

Градинарството е активност која ви дозволува да поминете подолго време во природа и истовремено да се опуштите во релаксираната работа. Некои истражувања велат дека оваа активност може да го намали нивото на кортизол и да го подобри расположението. Дури и 30 минути релаксација со добра книга не може да делува толку позитивно како работата во градината.

3. Јога во парк

Познато е дека јогата има благотворно дејство во победувањето на стресот, а вежбањето може да биде уште поопуштено доколку го практикувате во природа. Наутро, наместо дома, посетете го најблискиот парк и вежбајте ги вашите вежби таму.

4. Прошетка со домашно милениче

Веќе рековме дека кратката прошетка во природа може многу да го намали стресот и да ве опушти, додека времето поминато со домашното милениче на ист начин го смирува умот, напнатоста и анксиозноста. Едно истражување докажува дека справувањето со тешка задача станува многу полесно и помалку стресно доколку во близина е вашето домашно милениче.

5. Велосипед во природа

Оваа летна активност е добра за умот и телото. Физичката рекреација, а особено кардио тренингот ја зајакнува самодовербата и позитивно делува на симптомите поврзани со блага депресија и напнатост. Кога на сето ова ќе го додадете и факторот природа, тогаш повеќе од јасно е зошто толку голем број луѓе го избираат велосипедот како главно средство за рекреација.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!