Магнетна резонанца

Што е магнетна резонанца?

Магнетна резонанца или МР едноставно може да се опише како „техника за обработка на снимка преку радиофреквенција во средина со силно магнетно поле“. МР, што не користи радијационо зрачење, овозможува многу успешни резултати особено во снимање меки ткива.

Како се применува?

За време на МР, уред во форма на голема цевка, пациентот треба да биде во лежечка позиција и да не се поместува. Бидејќи во современите уреди оваа цевка е прилично голема, обично не создава непријатност. На луѓето кои имаат страв од затворени простори може да им се даде благ седатив пред снимањето. Пред испитувањето, во вената на раката се става тенок катетер и супстанца наречена контрастно средство. Ова контрастно средство не прави алергиска реакција и е безбедно, освен кај луѓе со заболување на бубрезите. Снимањето на дојка со МР трае 30-60 минути.

По снимањето, добиените снимки се проценуваат на посебни монитори и се прават дополнителни мерења.

Што треба да се земе предвид?

Пациентот мора да биде мирен: Додека докторот ги проценува снимките од МР гледа дали постои некој дел во дојките кој е обоен со контрастно средство. Ако постои, се земаат предвид формата, обликот на рабовите и густината на дамките, со цел да се процени дали оваа област е бенигна или не. Споредувањето на снимките пред и по внесувањето на супстанцата е доста тешко, понекогаш дури и невозможно доколку пациентот е немирен за време на снимањето.

Во некои случаи не може да се добие МР снимка: Пред да влезе во собата за МР пациентот мора да ги извади сите метални предмети. Пациентите со каков било метал во своето тело треба да го информираат докторот и техничар пред МР. Луѓето со пејсмејкери, слушни помагала и клипови за мозочна аневризма не смеат да се снимаат на МР.

Може да има потреба од други тестови: Испитувањето на дојката со МР може да даде многу вредни информации кои не може да се добијат со други методи на снимање. Сепак, МР не е замена за мамографија или ултразвук. Секој испит обезбедува различни информации и сите наоди треба да се проценат заедно.

За што се препорачува?

  •          Како процес пред операција на пациенти кои треба да имаат интервенција за зачувување на дојка, да се дијагностицира дали имаат повеќе од еден карцином во дојките;
  •          За откривање дали карциномот на дојката се проширил до градниот кош или другата дојка;
  •          За разликување на промените во дојките од операцијата во случај на повторна појава на карцином, кај жените кои имале интервенција за зачувување на дојките поради карцином на дојка;
  •          За потврдување на каква било критична ситуација откриена со мамографија, ултразвук или палпација;
  •          За оценување на резултат од хемотерапија кај пациенти во напреден стадиум на карцином на дојка;
  •          За одредување дали постои карцином на дојка кај жените со поголем ризик;
  •          Во откривање на примарното жариште на карцином кај пациенти кои се дијагностицирани со метастатски канцер (што се шири во другите делови на телото);
  •          При утврдување дали имплантите се оштетени кај жени кои имаат импланти на дојка, како и проценка на сомнителни наоди.

Кој не треба да прави МР?

  •          Луѓето кои имаат метални предмети во телото;
  •          Луѓето кои имаат сериозни проблеми со бубрезите;
  •          Луѓето кои се алергични на контрасното средство од МР;
  •          Луѓе кои не можат долго време да лежат неподвижни во лежечка позиција;
  •          Луѓе со прекумерна тежина.

Кои се предностите?

  •          МР не содржи зрачење. Може да се добијат повеќе информации во споредба со други методи на снимање на дојка. На овој начин, можат да се откријат жариштата на карциномот кои не можат да се забележат со други методи.
  •          Густите дојки што тешко се проценуваат со мамографија, дојки кои биле подложени на третман и дојки со импланти лесно може да се испитаат.
  •          Во споредба со мамографија и ултрасонографија, МР нуди веродостојни резултати, особено во снимањето на пациентите со поголем ризик.

Кои се недостатоците?

  •          МР е поскап метод од другите методи на снимање.
  •          МР не може да открие карцином на дојка во многу ран стадиум, исто како што не може да открие некои посебни видови карцином на дојка. Поради ова, снимката од МР секогаш треба да се прегледа заедно со други методи на снимање и наодите од клинички прегледи.
  •          Доколку се забележат сомнителни наоди, кои може да се откријат само со МР,  биопсијата треба исто така да се направи со помош на МР. Сепак, овој уред може да се најде само во ограничен број центри.

МР, што не користи радијационо зрачење, овозможува многу успешни резултати особено во снимање на меки ткива. Многу жаришта на карцином кои не можат да се забележат со други дијагностички методи може да се откријат со МР. Сепак, испитувањето само со МР не е доволно за откривање на карцином на дојка.

Сподели: