Потребни состојки:
– 2 лажички сенф
– Сок од 1 лимон и изрендана кора
– 1 конзерва варен наут
– 5 лажички маслиново масло
– 2 лажички ситно исечкан копар, сол и бибер
– 1 конзерва туна во маслиново масло
– 1 краставица
– 1 главица лук
– 1 голем домат
Начин на подготовка:
Најпрвин направете го преливот со сенфот, изренданата кора и сокот од лимон, сечканиот копар, маслиново масло, солта и биберот. Сето тоа убаво измешајте го.
Исцедете ја туната од маслото и ставете ја во садот во кој ќе ја сервирате салатата. Потоа исцедете го наутот и ставете го во истиот сад, заедно со туната. Исечкајте ги краставицата и доматот на коцки, насечкајте и лук и сето тоа измешајте го и додајте прелив. Посолете и побиберете по желба.