Најчести проблеми кои ги вознемируваат мажите

Познатите личности како Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Бред Пит создадоа нов поглед за тоа како мажот треба да внимава и да се грижи за својот изглед. Голем број мажи во светот почнаа да ги менуваат навиките и тргнаа по стапките на славните личности. Денеска секој маж сака да изгледа помладо и сè повеќе време поминува во грижа за кожата и косата. Дерматолозите ви ги претставуваат најчестите проблеми кои ги вознемируваат мажите. Исто така, ви нудиме и најсовремени решенија како да ги надминете истите.

Познатите личности како Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Бред Пит создадоа нов поглед за тоа како мажот треба да внимава и да се грижи за својот изглед. Голем број мажи во светот почнаа да ги менуваат навиките и тргнаа по стапките на славните личности. Денеска секој маж сака да изгледа помладо и сè повеќе време поминува во грижа за кожата и косата. Дерматолозите ви ги претставуваат најчестите проблеми кои ги вознемируваат мажите. Исто така, ви нудиме и најсовремени решенија како да ги надминете истите.

Исфрлање на кожата по бричење

На 25 проценти од мажите кожата им се исфрла по бричење. Третманот на овој проблем најчесто подразбира комбинација на антибиотик и стероид, два до три дена, во зависност од степенот на дразбата. За да ја превeнирате иритацијата, брадата треба да ја бричите од горе надолу, во правец на растење на влакното. Важно е да правите кратки паузи за време на бричењето со цел да ја одморите кожата и да ги измиете надразнетите делови со антибактериски сапун.

„Доколку се бричите почесто, не притискај те силно на брадата, за да ги спречите поткожните влакна. Исто така, важно е кожата добро да се подготви пред бричењето, односно да се омекне со топла вода, и да избегнувате да ја ставате пената за бричење на суво лице. На крајот, проверете дали жилетот е доволно остар, и потрудете се да употребувате нов жилет за секое бричење“, објаснува д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог.

Поткожни влакна

Поткожни влакна се кратки виткани влакна кои растат кон внатрешноста на кожата и создаваат црвени и гнојни топчиња. Според д-р Пљакоска, за да се заштитите од овие несакани влакна користете електрични машини за бри- чење, кои помалку ја иритираат кожата од класичните бричеви.

„Препорачуваме да не ја отстранувате брадата целосно со цел да ја избегнете појавата на поткожни влакна. По бричењето, користете хидратантна крема“, советува д-р Пљакоска.

Зголемена влакнетост на грбот

Пред 20 години зголемената влакнетост на грбот за мажите беше судбина. Денеска со развојот на дерматологијата судбината на мажите може да се промени со помош на современите апарати за ласерска епилација.

 „Кожата кај мажите е подебела, па со тоа не секој апарат за ласерска епилација има успешни резултати. Диодниот ласер достигнува во подлабоките слоеви и поради тоа сè повеќе се применува при епилација кај мажи“, објаснува д-р Пљакоска.

Ќелавост

Kосата најчесто почнува да паѓа по 30. година од животот. Иако не претставува сериозен здравствен проблем, влијае на психата и самодовербата, особено кај мажите, каде овој проблем и најчест. Опаѓањето на косата се нарекува алопеција и може да се појави како последица на повеќе причини: генетски, инфективни и автоимуни болести. Најчеста причина за опаѓање на косата е андрогенската алопеција, која е резултат на хормонски промени и наследен фактор. Започнува со опаѓање на косата на залистоците, а потоа се проширува на темето. Со текот на времето ќелавоста се проширува на целата коса и останува само еден венец коса во делот на тилот. Ќелавоста не може да се спречи ниту превенира ефикасно, особено кога причина е генетски фактор. На пазарот постојат голем број лосиони, креми, шампони за спречување на ќелавоста и повторно враќање на косата. Но, ниту еден од нив не претставува трајно решение за ќелавост бидејќи фоликулите, т.е корените на влакното, се изумрени и не може повторно да се вратат во функција. Единствен начин за да ја вратите бујноста на вашата коса е методата на трансплантација на коса. Според д-р Андреј Петров, постојат повеќе методи за трансплантација на коса, но најмалку инванзивна метода со која се постигнуваат најдобри резултати е FUE методата (Folicle Unit Extraction). Оваа револуционерна интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина.

Трансплантација на коса со FUE метода.  

„FUE методата е минимално инванзивна интервенција која се изведува со поединечно земање на фоликули од влакното, најчесто од областа на тилот, и трансплантирање на места каде што недостасува коса. Постапката се изведува со помош на посебен апарат кој овозможува најпрецизно земање на влакната, без лузни и без оштетување на околните коре- ни, што е од голема предност во однос на другите техники. Со пренесување на поедине
чно влакно се по- стигнува изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед. Со повторување на интервенцијата се овозможува постепено згуснување на косата, а воедно се постигнува оптимален естетски резултат. По процедурата не се ставаат конци, ниту се носи завој затоа што дупчињата од кои се земени влакната за трансплантација се со големина од 1 мм и спонтано зараснуваат со крастички, кои по неколку дена сами паѓаат. Интервенцијата се изведува во локална анестезија. По трансплантацијата пациентот може да се врати на секојдневните обврски. Ефектот од трансплантацијата на коса со FUE метода е видлив веднаш. Во период од 6 месеци постепено паѓа пресадената коса, а на нејзино место никнува нова коса“, објаснува д-р Андреј Петров.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!