Ноќно мокрење во детска возраст

Ноќно мокрење е еден од најчестите проблеми во детската возраст. Примарна ноќна енуреза (ПНЕ) е мокрење во кревет за време на спиење кај здрави деца на возраст од 5 години па нагоре. Според податоците од светската литература, кај децата на 5-годишна возраст секое четврто дете има ноќно мокрење. При поаѓање во училиште секое десетто дете има ноќно мокрење, така што на возраст од 10 години 7% од децата го имаат овој проблем. Во адултна возраст 1-2% од децата остануваат со ноќно мокрење. На прашањата кои се најчестите причини, како да се дијагностицира и лекува ноќното мокрење, одговор ни даде д-р Надица Ристоска Бојковска, педијатар нефролог.

Ноќно мокрење

  • Бенигна состојба со ноќно мокрење како единствен симптом
  • Присутно е кај здрави деца
  • Возраст над 5 години
  • Без присуство на други симптоми
  • Функцијата на мочниот меур е уредна и секогаш доаѓа до комплетно празнење на истиот без волја на детето

Зошто некои деца мократ во кревет?

Ноќното мокрење е резултат на дисбаланс (нарушување) меѓу капацитетот на детрусорот на мочниот меур за време на ноќта и количината на урина која се создава, а резултира со мокрење за време на длабок сон. Присутна е заблуда дека енурезата е последица од психолошки проблеми или психички профил на детето. Ако лекувањето не почне на време, тогаш може да дојде до одредени психолошки, емотивни и социјални проблеми. Социјални последици поради ноќно мокрење

  • изолација
  • страв од активности – спорт
  • чувство дека се различни од другите
  • избегнување кампови, училишни екскурзии
  • пријателства
  • без можност да зборуваат со некого за проблемот

Епидемиологија

Ова е многу чест проблем кој се јавува кај 7-15% од деца на возраст од 7 години. Се јавува двапати почесто кај машките деца во однос со девојчињата. За трипати повеќе е застапена кај деца со АДХД. Се опишува како еден од најчестите и највознемирувачки детски проблеми. Инциденцата се намалува со годините: спонтано излекување приближно 15% годишно. Успешниот и навремен третман ја зголемува самодовербата. Најголемиот број од децата се многу добро мотивирани за третманот дури и од 5-годишна возраст.

Како да се дијагностицира примарна ноќна енуреза?

Ноќната енуреза треба активно да се бара во склоп на систематските прегледи, редовни прегледи кај матични доктори.

Причини Од голема важност е фамилијар- на историја за примарна ноќна енуре- за (генетски фактори). Ако кај двајцата родители имало ноќно мокрење во детска возраст тогаш 75% е шансата и кај нивното дете да има енуреза. Поголем број од децата цврсто спијат и тешко се будат. Во текот на ноќта кај нив има зголемено создавање урина како последица на нарушување во ритамот на лачење на еден неуропептид-вазопресин кој се лачи во мозокот и кој на ниво на бубрезите ја регулира количината на создадена урина во сон. Затоа потребно е да се знаат развојните проблеми, дали се присутни некои дневни симптоми, каква е фреквенцијата на мокрење, дали постојат други заболувања или можеби претходен третман. Треба да се направи добар физикален преглед на грбот, нозете и гениталиите, анализа на урината, ехо преглед на уринарниот тракт.

Енурезата треба да се лекува

Родителите на детето кое има ноќно мокрење треба да се обратат до педија- тар нефролог со кого ќе разговараат и ќе ги направат потребните испитувања за утврдување на типот на ноќното мо- крење. Оптимално време за почнување на терапија кај деца со енуреза се проценува индивидуално, но лечењето дава најдобри резултати ако се почне пред тргнување на детето во училиште. Изборот на терапија кај децата зависи од природата на основното нарушување кое довело до ноќно мокрење. Лечењето се спроведува под надзор на педијатар нефролог.

Медикаментозен третман

Се советуваат родителите да водат дневник за ноќно мокрење со систем на награда секогаш кога ќе се разбуди суво, тренинг на мочниот меур. Кај 70- 90% од децата има успех за период од 6 месеци. Сензор поврзан со аларм (ѕвоно или вибрација аларм). Ефикасноста се постигнува за 2-3 месеци, потребни се повеќе од 14 континуирани суви ноќи – успех, нема несакани ефекти, обука за употреба, мотивација на детето. Постои и можност за комбинирана терапија: лек + аларм.

Промена во животни навики

Драги родители, намалете го внесот на кофеин (топла чоколада, чоколадно млеко) во вечерни часови, грижете се детето да има правилна исхрана и направете рестрикција на течности пред спиење.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!