Почетна » Некатегоризирано » РЕДОВНИТЕ УРЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ СЕ НАЈДОБРИОТ ЧУВАР НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ

РЕДОВНИТЕ УРЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ СЕ НАЈДОБРИОТ ЧУВАР НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ

Сподели

Kога се зборува за машкото здравје, не може а да не се посвети внимание на заболувањата на простатата. Тука спаѓаат воспалителните болести на простата, бенигна простатична хиперплазија (БПХ) и карциномот на простата. Урологотот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, м-р. д-р Даниел Петровски, вели дека при последните две заболувања почетните симптоми се исти и без комплетни иследувања тешко може да разграничат и да се постави крајна дијагноза . „Бенигната простатична хиперплазија е резервирана во своите иницијални стадиуми за популација во четвртата декада од животот, а карциномот на простата за повозрасната популација од шестата, седмата и осмата деценија од животот. Симптомите кои се однесуваат на мокрењето се поради бенигното простатично зголемување на жлездата или бенигната простатична опструкција и ноктуријата, т.е. ноќното мокрење кај машката популација над 40 години. Инаку, БПХ се смета за нормален тек на зголемување на волуменот на простатата со стареењето околу четвртата и петтата деценија од животот“, потенцира д-р Петровски. Причината за оваа состојба, како што вели, сè уште не е комплетно утврдена, иако се смета дека во неа учествуваат машките хормони, тестостеронот, а тука спаѓа и генетскиот фактор т.е. фамилијарната историја. „Симптомите кои се карактеристични за ова заболување и кои мажите првенствено ги забележуваат се поврзани со уринирањето. Зачестеното мокрење, особено ноќното, неможност да се задржи урината, послаб млаз, прекини во мокрењето, домокрување, капење при крај на мокрењето, потешкотии при почеток на уринирањето се проблемите поради кои мажите треба итно да се јават на лекар“, нагласува д-р Петровски. Во однос на дијагностицирањето на болеста, покрај анамезата, спаѓа и пополнување на прашалникот за интернационалниот простата симптом скор и квалитет на живот, уродинамските иследувања, дигиталниот ректален преглед и ПСА, ултрасонографскиот преглед и уретроцистоскопија. Додека кај поедини пациенти кај кои постои и претходно утврдена бубрежна слабост треба да се направат и иследувања на бубрежната функција. Болеста кај пациентите кои имаат слабо изразени симптоми се третира само со хигиено-диететски режим, додека кај пациентите со средно изразени симптоми се препорачува медикалментозен третман кој се состои од лекови од групата на алфа-блокатори како тамсулосин (Tamsulosin), финастериде (Finasteride) и употребата на лекови на природна база како простамол уно, простамакс, простата протект. „Кај пациентите со силно изразени симптоми се препорачува оперативен третман, кој може да биде ендоскопски со помош на употребата на ЛАСЕР или ТУР на простатата или отворената хирургија како трансвезикалнатата простатектомија“, вели д-р Петровски.

АСИМЕТРИЈА ИЛИ ГРУТКА ВО ТЕСТИСОТ – АЛАРМ ЗА КАРЦИНОМ

Во споредба со останатите тумори кај машката популација, ова малигно заболување е релативно ретко со застапеност од околу 1-1,5 процент од сите тумори. Најчесто се јавува кај помладата популација, кај мажи на возраст од 18 до 35 години. Карактеристично за ова заболување е што започнува безболно и зголемувањето на тестисот е речиси невидливо во раниот стадиум.

Најчесто самиот пациент забележува некаква нееднаквост во скроталното кесе и дури тогаш со самопреглед или со допир забележува некаков јазол, помал или поголем, на самиот тестис. Овој прв момент можеби половина од пациентите не го споделуваат и го сокриваат, што е фатално за понатамошниот тек на здравствената состојба на пациентот. Се јавуваат во подоцниот стадиум на болеста, што го отежнува понатамошното лекување и ги намалува шансите за позитивен исход од терапијата“, нагласува д-р Петровски.

Во денешно време тестикуларните тумори покажуваат одличен процент на излекување благодарение на раната дијагноза и радио и хемосензитивност. Најчестите ризик-фактори се крипторхизмот (неспуштен тестис во скроталното кесе), клинефелтеровиот синдром, генетскиот фамилијарен фактор, поранешен контралатерален тумор и инфертилитет. Третманот при рак на тестисите подразбира оперативно отстранување на тестисот. По хируршката интервенција (орхиектомија) најчесто следува хемотерапија или радиотерапија, а терапијата и дозирањето зависат од тоа дали има или нема местастази.

Најди доктор Закажи преглед Контакт