Пациенти од кои и докторите бегаат

Не се чувствувате најдобро, а најбрзиот начин да дознаете што всушност ви се случува е да седнете на компјутер и на интернет да си одредите дијагноза и лекување. Но, дали сте свесни дека информациите за одредени симптоми можат да варираат од целосно наивни до смртоносни?

Не се чувствувате најдобро, а најбрзиот начин да дознаете што всушност ви се случува е да седнете на компјутер и на интернет да си одредите дијагноза и лекување. Но, дали сте свесни дека информациите за одредени симптоми можат да варираат од целосно наивни до смртоносни?

Прочитав на Гугл

Во подем е трендот во кој луѓето мислат дека 45 минути сурфање на интернет е еднакво со години и години посветени на учење и работење во областа на медицината. Сепак, поставувањето дијагноза бара објективност, стручен преглед и соодветна интерпретација. Луѓето кои сметаат дека информацијата им е поважна од знаењето можат да направат исклучително скапа грешка кога е во прашање нивното здравје.

Дајте ми антибиотик!

Некои пациенти доаѓаат кај докторот со акутна инфекција и очекуваат дека ќе добијат рецепт за антибиотик. Меѓутоа, во некои случаи, како што се вирусните или некои други инфекции, проблемот се решава сам од себе, а антибиотиците не се од никаква помош. Од друга страна, прекумерно користење антибиотици, на глобално ниво, довело некои бактерии да станат отпорни на нив.

Помалку јадам, повеќе вежбам, не слабеам!

Проблемот е во тоа колку се квалитетни калориите кои ги внесувате, не нивната количина.

Потребно ми е брзо закрепнување

Тоа што најмногу влијае врз овој проблем кај пациентите всушност е човечката желба за брзи решенија. Многу пациенти мислат дека една таблета или некоја брза диета ќе им го промени животот. Истиот овој тип луѓе најчесто се паметни, критички ја проценуваат реалноста околу нив и донесуваат мудри одлуки на сите полиња, но кога е во прашање нивното здравје како да го губат разумот. Сите знаеме дека на здравјето најдобро му влијаат промената на начинот на живот, исхраната и вежбањето. Никако не смеете да ги игнорирате овие податоци, туку избегнувајте да внесувате витамински или  додатоци во исхраната кои ви ветуваат брзо заздравување и решение на проблемот, а истите да не бидат поткрепени со цврсти факти.

Јадам само немасна храна

Маснотиите се важни за здравјето на организмот, а многу луѓе ги избегнуваат и јадат само немасна храна со цел да загубат некој килограм. Не постојат никакви докази дека масната храна дебелее или предизвикува срцеви проблеми, освен ако не станува збор за лошите масти или транс масните киселини.

Не можам да дојдам на преглед, премногу сум зафатен/а

Уште една од навиките кои докторите буквално ги „вади од такт“ е кога пациентите им се јавуваат по телефон. Во овој случај пациентите најчесто велат дека треба да одат на пат или имаат премногу работа. Симптомите на кои се жалат најчесто се болка во прстите, отежнато дишење и проблеми со притисокот, а траат повеќе од една недела. Тогаш докторите се трудат да им објаснат на пациентите дека не се магионичари и дека покрај симптомите што им ги посочуваат потребно е да се направат и други испитувања со цел да се одреди точна дијагноза.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!