Пет сериозни компликации при нерационална употреба на антибиотик

Земањето антибиотици на своја рака може да има последици за кои сигурно не сте ни помислиле. Дали сте знаеле дека несоодветната употреба може да доведе до бубрежна слабост и сериозно оштетување на црниот дроб?

Земањето антибиотици на своја рака може да има последици за кои сигурно не сте ни помислиле. Дали сте знаеле дека несоодветната употреба може да доведе до бубрежна слабост и сериозно оштетување на црниот дроб?

 

Антибиотиците се лекови кои делуваат успешно во третманот на бактериите. Но, третманот е успешен само доколку антибиотиците се дадени во правилна доза и кога се препишани од страна на лекар. Во спротивно, тие може да бидат целосно некорисни или да предизвикаат други здравствени компликации. Запомнете дека антибиотиците не се лекови како апчињата што ги давате кога ве боли нешто или кога имате температура. Честопати мајките даваат антибиотик на детето штом добие температура, но температурата не е резултат само на бактериска инфекција и оттаму не е издржана оваа одлука.

Отпорноста на бактериите предизвикува смртоносни резултати

Кога една бактерија станува отпорна на антибиотикот, тогаш тој веќе не може да делува на нејзиниот развој и да ја уништи. Како резултат на ова, болеста може да трае подолго и да се потрошат повеќе пари и време изнаоѓајќи го вистинскиот лек.

Петте најголеми проблеми предизвикани од несоодветна употреба на антибиотици

Антибиотиците спаѓаат во група сериозни лекарства кои може да дадат голем број несакани дејства доколку се злоупотребат.

Сериозни алергиски реакции: Почнувајќи од најлесен степен на алергиски реакции проследени со чешање на кожата па сè до животозагрозувачки алергии.

Оштетување на црниот дроб: Неправилната и несоодветна употреба на антибиотиците може да предизвика оштетување на црниот дроб. За да се измери степенот на оштетеност се прават крвни анализи. Пациентите кои имаат оштетена функција на црниот дроб треба да избегнуваат употреба на антибиотици кои се преработуваат во црниот дроб.

Бубрежна слабост: Антибиотиците може да имаат токсично дејство врз бубрезите и да бидат причина за појава на бубрежна слабост. Најмалку 5% од случаите на  бубрежна слабост се предизвикани од злоупотреба на антибиотици.

Дијареја: Антибиотиците ги уништуваат и добрите бактерии кои нормално живеат во цревата, па оттаму може да бидат причина за појава на дијареја. Во одредени случаи може да се појави и крв во столицата.

Прекумерна тежина. Последните истражувања покажале дека луѓето кои како бебиња и деца пиеле често антибиотици имаат поголем ризик за појава на угоеност.

Дигестивни нарушувања: Покрај дијарејата, антибиотиците имаат несакани ефекти како гадење, повраќање и болки во стомакот.

Внимавајте кога почнувате да пиете антибиотици:

1.      Доколку не се препишани од лекар. Антибиотици не делуваат на настинка.
2.      Не пијте антибиотик само затоа што пријателот ги пиел кога имал исти симптоми како вашите.
3.   Не прекинувајте ја дозата затоа што се чувствувате подобро. Пијте ја препорачаната доза. Прекинувањето или прескокнување на дозата може да ја направата бактеријата да стане отпорна на лекот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!