Освежителен пијалак од краставица и лубеница

Потребни состојки:

– 750 грама исечкана и исчистена лубеница
– 1 голема исечкана краставица
– Сок од 2 лимети
– 2 лажички мед
– Лед

Начин на подготовка:

Ставете ја лубеницата во блендер и направете пире од неа, потоа добро исцедете го. На истиот начин направете пире и од краставицата, исцедете го и добијте сок. Сокот од лубеница, краставица, лиметата и медот измешајте ги во еден сад. Пред да ги консумирате ставете лед и уживајте! 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!