Еден ден пред да отидете на вашиот преглед земете лист хартија и запишете ги следниве работи:
– Симптомите кои ги имате, вклучувајќи ги и знаците кои сметате дека не се поврзани со карциномот на дојка.
– Лични информации, поголеми стресови или поголеми животни промени кои ви се случиле неодамна.
– Семејната историја. Напишете доколку имате случај во семејството кој имал канцер, и која е вашата роднинска врска, типот на канцер и возраста на која е дијагностициран.
– Листа на витамини или додатоци во исхраната кои ги земате.
– Земете ги снимките поврзани со дијагнозата на карцином на дојка
– Добро би било да дојдете со придружба, тој би можел да ги запомни работите кои ќе ви ги каже докторот доколку вие не се сетите.