Прекумерната тежина ја намалува самодовербата кај децата

Ќе се согласите дека најголемата забава за денешните деца е да седат пред компјутер. Кога времето поминато пред екранот е многу подолго отколку времето поминато во игра со другарите тогаш работите стануваат сериозни.

Ќе се согласите дека најголемата забава за денешните деца е да седат пред компјутер. Кога времето поминато пред екранот е многу подолго отколку времето поминато во игра со другарите тогаш работите стануваат сериозни.

Дебелината кај децата е една од најголемите причини за појава на психолошки проблеми и тешкотии при социјалните односи. Покрај психолошките компликации, дебелината кај децата предизвикува проблеми на мускулатурата и скелетот. Проблемите при дишењето и физичката активност се исто така присутни кај децата со зголемена телесна тежина.

Лошите навики во исхраната и неактивноста ги ставаат децата под ризик за дебелина

Лошите навики и неактивноста кои ги носи модерниот начин на живот го зголемуваат ризикот за здебелување и кај децата.  Кога децата конзумираат голема количина  храна богата со масти и калории мастите се наталожуваат и водат до здебелување. Седењето и неактивноста на децата е уште еден фактор зошто децата сè почесто стануваат дебели.

Генетската предиспозиција за дебелина може да се избегне со здрави навики на живот

Гените се исто така одговорни за појавата на зголемена телесна тежина кај децата. Бројни истражувања докажале дека ако двајцата партнери се со зголемена телесна тежина, тогаш шансите истиот проблем да се јави кај децата се дури 80%. Шансите се намалуваат до 50% доколку едниот родител е угоен. Доколку, пак, двајцата родители се слаби, шансите детето да има проблем со телесната тежина се само 9 %. Но, ако детето има здрави животни навики во исхраната и спортот, дури и ако има генетска предиспозиција за дебелина може да го надмине проблемот со вишок килограми.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!