Сите тајни на медот

Mедот храна која може ви го продолжи животниот век

Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замисли животот без мед. Тој е храна која може да го продолжи животниот век.

Неколку факти за медот:

1. Природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите.
2. Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран.

sistina

Mедот храна која може ви го продолжи животниот век

Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замисли животот без мед. Тој е храна која може да го продолжи животниот век.

Неколку факти за медот:

1. Природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите.
2. Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран.

3. Содржи преку 90 скапоцени состојки, меѓу кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините.
4. Здрава алтернатива на природниот шеќер.
5. Добро затворен мед има неограничен рок на траење
6. Кристализацијата е нормален процес кој не влијае на неговиот квалитет. Ставете ја теглата во топла вода и повторно ќе добиете течен мед.
7. На температура над 41 степени медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.

Хранливи вредности на медот:

1. Медот како производ на пчелите е на границата меѓу храна и лек.
2. Главната состојка се шеќерите, од кои најзначајни се фруктоза, гликоза, сахароза.
3. Медот многу брзо се апсорбира во организмот.
4. Во својот состав има ензими, аминокиселини, етерични масла , витамини и минерали (витамин Б1, Б2, Б5, Б6, Ц, Д, К, од минерали натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо , цинк, јод, бакар , хром) и други состојки.

Лековито дејство на медот:

1. Пред сѐ претставува извор на енергија бидејќи е лесно се вари и се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите.
2. Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува мед по втората година.
3. Ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото.
4. Врз раните има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти.
5. Ако се изгорите веднаш нанесете веднаш мед. Така ќе спречите да се создаде меур, а кожата ќе ви зарасне без лузни.
6. Облози од мед помагаат при кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж.
7. Медот помага и при тврда столица, гастритис, чир на желудникот
8. Го подигнува нивото на железо и ги намалува маснотиите во крвта
9. Го прочистува телото
10. Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др.

Различни видови мед имаат различно дејство.

1. Шумскиот мед е особено корисен кај децата за подобар раст и развој. Исто така се препорачува кај анемични и слаби лица, трудници, доилки, стари и изнемоштени лица, физички и умствени работници, спортисти и др.
2. Ливадскиот мед се препорачува кај алергии и за јакнење на имунитетот. Исто така се препорачува кај кардиоваскуларни и срцеви заболувања, како и за невролошки болести.
3. Саќето и медот од липа ги олеснуваат тегобите на дишните органи при настинка, но липовиот мед не се препорачува кај болните со срцеви проблеми.
4. Темниот мед од костен ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемии, го остранува уморот, ги јакне мускулите и имунитетот на организмот.
5. Багремов мед се користи при проблеми со крвните садови, тврда столица. Исто така делува смирувачки, помага и при несоница, нервоза и напнатост.
6. Боров мед помага при искашлување кај болните од бронхитис и астма.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!