Живејте здраво и среќно по 50. година

Велат, внесете живот во годините, а не години во животот. Стареењето е природен процес кој не можете да го промените. Но, уште денес можете да ги промените вашите активности и погледи кон светот. Секоја возраст носи нови предизвици и нови причини за среќа. Прочитајте како да живеете здраво и среќно по 50. роденден.

Велат, внесете живот во годините, а не години во животот. Стареењето е природен процес кој не можете да го промените. Но, уште денес можете да ги промените вашите активности и погледи кон светот. Секоја возраст носи нови предизвици и нови причини за среќа. Прочитајте како да живеете здраво и среќно по 50. роденден.

Јадете здрави масти

Сигурно веќе добро знаете за штетното дејство на заситените масти врз здравјето на срцето и крвните садови. Тие исто така влијаат негативно врз концентрацијата и помнењето. Намалете го внесот на црвено месо, путер и друга мрсна храна. Заменете ги со риба, зеленчук, овошје, јаткасти плодови.  Здравата храна е пријател на вашето срце и мозок.

Земете си домашно милениче

Кучињата и мачките се вистинскиот избор, особено доколку повеќе не живеете заедно со вашите деца и се чувствувате осамено.  Некои истражувања велат дека лицата кои чуваат домашни миленичиња имаат низок холестерол и помал ризик од срцев удар. Дополнително, прошетките со миленичето во природа ќе ве опуштат и ќе ве раздвижат.

Заштитете ги зглобовите

Стареењето не значи дека треба да се откажете од утринското трчање. Иако многумина сметаат дека со трчањето може да ги повредите зглобовите, пред сè коленото, истражувањата го велат спротивното – трчањето и физичката активност ги зајакнуваат вашите зглобови и ве заштитуваат од воспаление (артритис). Доколку, пак, веќе имате артритис, трчањето е преголем напор. Но, практикувањето на одрeдени вежби ќе ви помогне да ја зајакнете мускулатурата која е поддршка на зглобовите со што ќе ви ги олесни болките. За типот на вежби разговарајте со вашиот лекар.

Сексуални односи

Како што минуваат годините, се менува и сексуалниот живот. По 50. година имате повеќе самодоверба. Најдете го вашиот начин на задоволство и уживајте со вашиот партнер.

Никогаш не е доцна да научите нешто ново

Точна е изреката дека човекот учи додека е жив. Искористете го слободното време во учење нови вештини. Научете да свирите некој инструмент, научете нов јазик, дружете се со нови луѓе и посетувајте нови места. Новите искуства ќе ја подигнат вашата самодоверба и ќе внесат свежина и нова причина за среќа во секојдневието.

Дружете се

Ќе се согласите дека поминувањето време со пријателите е најдоброто поминато слободно време. Социјалните врски и дружењето со нови луѓе помагаат да се задржи меморијата. Поканете ги пријателите на прошетка, разменете добра книга, гледајте филм. Друштвените игри се уште еден начин како да се забавувате.

Спротивставете им се на брчките

Секоја жена сака да изгледа младо и убаво без разлика на годините. Најдобра заштита за брчките околу очите е користење очила за сонце и нега на кожата околу очите. За заштита на кожата важат истите препораки без оглед на годините – користете крем со заштитен фактор и пијте многу вода за хидратација на кожата и телото.

Имајте здрав сон

И покрај тоа што со годините мислете дека ви  е потребно сè помалку време за спиење, истражувањата го велат спротивното. Без разлика на годините, добар сон се смета 7-8 часа спиење во текот на ноќта. Инсомнијата не доаѓа со годините, туку може да биде проблем во секое време.

Уживајте во придобивките  

Годините значат зрелост, самодоверба, исполнети желби и сонови. Неодамнешно истражување спроведено врз 1000 учесници покажало дека лицата на 80 години се чувствуваат позадоволно од оние на 70 години. Затоа, гледајте кон иднината. Секоја возраст носи нови придобивки и причини за среќа.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!