Третман на примарни и метастатски тумори на `рбетот

Голем број тумори од телото даваат метастази во `рбетот. Во третманот на туморите на `рбетот се применува онколошки, радиотерапевтски и хируршки третман. Туморите најчесто се лекуваат по оперативен пат бидејќи се екстра маса (туморска маса) која го разорува прешленот што е придружено со болка, а може да доведе и до патолошка фрактура, што предизвикува нестабилност на `рбетот или, пак, врши компресија на нервите што е причина за невролошки оштетувања. Хируршкиот третман опфаќа радикално отстранување на туморот, декомпресија на `рбетниот столб, апликација на инплантанти и фиксација на `рбетот со посебни титаниумски шрафови и прачки. На овој начин туморот е отстранет, а `рбетниот столб реконструиран и стабилен. По хируршкото отстранување на туморот следува дополнителен третман (радиотерапија, хормонална терапија, цитостатици). Потребна е и физикална терапија со цел заздравување на пациентот. 

Третманот секогаш е мултидисциплинарен. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага располага со врвен тим со долгогодишно искуство во сите сегменти во дијагностика и згрижување на овој тежок хируршки проблем.

Сподели: