TRILOGY – Револуција во третманот на канцер

TRILOGY е најсофистициран линеарен акцелератор кој нуди можност за прецизна и ефикасна радиотерапија во лекување на малигни тумори. Овој апарат отвора нова ера во радиотерапијата, особено со користење на стереотактичка терапија и радиохирургија.

Апаратот TRILOGY е единствениот во регионот кој вклучува три различни методи и техники за радиотерапија:

IGRT (радиотерапија водена од слики): овозможува одредување на локацијата на туморот во текот на третманот. Благодарение на секојдневните контролни снимки се следи дали туморот кој го зрачиме е во зрачното поле. Пациентот се снима не само пред туку и за време на терапијата, со што се овозможува навремено спречување на евентуални поместувања на туморот во тек на третманот.

IMRT (радиотерапија со модулиран интензитет): резултира со распределба на висока доза на зрачење која треба туморот да ја прими, и е максимално прилагодена на туморот, дури и кога неговата форма е комплексна т.е неправилна. Со помош на оваа техника на зрачење се овозможува доставување на посакуваната доза во туморот со максимална заштита на здравите органи.

SRT/SRC радиотерапија: придобивките од стереотактичната радиотерапија генерално се однесуваат за малите лезии (тумори). Колку  порано се открие туморот во рана фаза кога е со мали димензии стереотактичната радиотерапија ќе има се поголеми ефекти во лекувањето. Со SRT/SRC радиотерапијата се користат прецизни зраци кои стигнуваат и до најмалите тумори.

Заштита на здравите ткива

Со можноста за користење на IMRT техниката, дозата на зрачење кон целниот тумор е прецизно прилагодена и директно насочена кон туморот при што туморот добива висока доза, а максимално е намалена дозата во здравите ткива и органи. Намалувањето на дозата во здравите ткива и органи е значајно за заштита на нивната функција и одржувањето на квалитетот на живот по завршување на радиотерапискиот третман.

умори кај кои може да се спроведе зрачен третман на TRILOGY:

Оваа технологија се употребува за третман на сите видови на тумори кај кои постојат индикации за зрачен третман.

Оваа технологија се употребува за третман на сите видови на тумори кај кои постојат индикации за зрачен третман.

  1. Тумори на глава и врат
  2. Тумори на мозок
  3. Тумори на бели дробови
  4. Тумори на дојка
  5. Тумори на простата
  6. Тумори на мочен меур
  7. Тумори на матка
  8. Тумори на желудник
  9. Тумори на ректум
  10. Мекоткивни тумори

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!