Постојат различни видови карцином на дојка. Тие главно се поделени во две групи, од кои едните не се инванзивни – ин ситу (без инвазија во соседни ткива) и вторите се инванзивни (со потенцијал да се шири).
Неинванзивен карцином
Карциномите ин ситу кои не се шират на соседните ткива се поделени во две групи – „дуктален карцином ин ситу и лобуларен карцином ин ситу“. Мора да напоменеме дека откако мамографијата дошла во преден план, особено по 1980 година, зачестеноста на неинванзивен (ин ситу) карцином на дојка од сите биопсии на дојка се зголемил од 1,4% на 10% и од сите случаи на карцином на дојка се зголемил од 5% до 15%.
Класичен лобуларен карцином ин ситу: Овој вид карцином го зголемува ризикот од инванзивен карцином на дојки за 8 – 10 пати, и тоа во двете дојки. Овие пациенти примаат превентивни лекови како тамоксифен, внимателно им се следи состојбата или имаат хируршки интервенции како што е мастектомијата, каде што се отстранува целото ткиво на дојката за превентивни цели. Позитивни козметички резултати може да се добијат доколку се применат заедно со пластични хируршки интервенции, вклучувајќи протеза и слични реконструктивни процедури.
Дуктален карцином ин ситу (DCIS интрадуктален рак): Симптомот на овој вид карцином е наод на неправилна мала калцификација откриена со мамографија и/или (плеоморфна микрокалцификација), крвав/безбоен исцедок од брадавицата од еден канал. Дукталниот карцином ин ситу се смета како премин кон (инванзивни) канцерогени клетки со потенцијал за ширење од нормалните клетки. Со оглед на тоа што не формира маса, може да се отстрани со жица или означувајќи го со радиоактивни материјали. Доколку карцином е со едно жариште, околу него останува доволно чисто ткиво. Кога се применува радиотерапија за останатото градно ткиво, заболувањето има клинички позитивна насока. Ако се шири низ дојката, треба да се отстрани целото градно ткиво (мастектомија) и во овој случај, постои шанса за 100% излекување. Во дукталниот карцином ин ситу аксиларната лимфа се зачувува во 1 или 3% од случаите. Во ризични случаи, на пациентите на кои треба да им се отстрани целата дојка потребно е да им се отстранат и сентинелните лимфни јазли (биопсија на сентинелни лимфни јазли), кои, најверојатно, би ги задржале карциномните клетки во лимфните јазли на пазувите.
Инванзивен карцином
Најчестиот вид карцином на дојка е дуктален карцином, кој се развива во клетките кои ги формираат млечните канали кои носат млеко до брадавиците. Тие се поделени во зависност од аспектот на ширење. Познато е дека дукталниот карцином е во ин ситу форма, освен ако нема својство и потенцијал за ширење, тогаш е во инванзивна форма.
Карциномот кој се развива од лимфните јазли кои произведуваат млеко (лобула) се нарекува лобуларен карцином. Овој карцином се дели во зависност на видот на ширење. Ако нема потенцијал на ширење, тој е во ин ситу форма, додека ако има потенцијал на ширење е во инванзивна форма.
Воспалителниот карцином се смета за најлош вид карцином на дојка што најбрзо напредува. Може да се меша со инфламаторни болести на дојките, кои целосно ги напаѓаат дојките. Овој карцином се манифестира како осип и оток. Во случаи на воспалителни заболувања на дојка кои не се лечат и покрај антибиотска терапија и биопсија, карцином секогаш треба да се има предвид.