Д-Р МЕД. НАУКИ Д-Р ЖАРКО ХРИСТОВСКИ: СРЦЕВИТЕ ЗАБОЛУВАЊА НЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ – ПРЕГЛЕДАЈТЕ СЕ НАВРЕМЕ!

Комплетните кардиолошки пакети нудат увид во постојните фактори на ризик, многу подетална проценка на состојбата на срцето и крвните садови, а со тоа и прогноза за пациентот, одредување на видот на лекување доколку е потребно, како и динамика на понатамошните контроли.

Според д-р мед. науки д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог, важно е навремено да се препознаат и лекуваат болестите на срцето и крвните садови, затоа што фаталните компликации често настануваат нагло (на пример, инфаркт на миокардот или дисекција – расцепување на аортата) и затоа што болеста може да напредува до фаза кога повеќе не може значително да се помогне со какви било методи.

„Врз основа на деталниот клинички преглед, лабораториски анализи и дијагностички наоди, се дава предлог за понатамошен начин на лекување, односно дали треба да се прави инвазивна процедура или ќе се третира со медикаментозна терапија“, објаснува д-р мед. науки Жарко Христовски, интервентен кардиолог.

Првиот кардиолошки преглед се препорачува да се направи околу 40. година од животот (иако возраста може да варира), особено ако припаѓате на ризична група или сте изложени на долготраен стрес.

Посетете кардиолог ако:

  • чувствувате болка или тегоби во градите (стегање, боцкање, неправилен ритам, „заматување“ пред очи)
  • срцеви и васкуларни болести во семејството
  • веќе ви е дијагностицирана срцева болест
  • имате висок притисок, дијабетес или покачен холестерол
  • пушите, имате прекумерна тежина или не сте физички активни
  • сте маж над 40 години или жена над 45 години и сакате да започнете со физичка активност.

Кардиолошкиот премиум-пакет претставува сеопфатен преглед на срцето и крвните садови, кој овозможува детална и сигурна проценка на вашето кардиоваскуларно здравје на едно место. Со овој пакет се добива стручен преглед од кардиолог, анализа на срцевиот ритам преку ЕКГ, проценка на структурата и функцијата на срцето со ехо, како и проверка на работата на срцето при физички напор со стрес-тест. На овој начин, не се утврдува само моменталната состојба, туку се овозможува и рано откривање на скриени срцеви заболувања, проценка на ризик од сериозни компликации и добивање насоки за понатамошен третман или превенција, со што пациентот добива комплетна слика и сигурност за здравјето на срцето.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди шест промотивни кардиолошки пакети, кои опфаќаат повеќе кардиолошки услуги, со цел обезбедување сеопфатна грижа за здравјето на срцето. Промотивните кардиолошки пакети овозможуваат комплетен кардиолошки преглед и современи дијагностички испитувања, спроведени од врвни специјалисти и со најсовремена медицинска опрема.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!