Вистината за болката во грбот

Внимавајте кога кревате тешки предмети. Застанете пред предметот кој треба да се крене со исправен грб и глава, па товарот да падне на вашите нозе. Не го превиткувајте телото додека го подигнувате предметот, тоа може да му наштети на вашиот грб.

Велат дека одморот е најдобриот лек за болката во грбот. Има вистина во тоа, но доколку се работи за акутна болка или вирус кој предизвикува болки во грбот. Немојте да останувате подолго време во кревет бидејќи тоа може да му наштети на грбот.

Болките во грбот можат да бидат предизвикани од дегенерација на дисковите, болести, инфекции па дури и наследни состојби. Најчесто овие болки се јавуваат кај луѓето кои имаат вишок телесна тежина и кои се спортски неактивни. Затоа внимавајте на исхраната и бидете спортски активни. Се препорачува да вежбате најмалку трипати неделно по 30 минути.

А зошто се јавува болката во грбот?

Наједноставниот одговор е бидејќи имаме исправен од. Ваквата положба доведува до можност за искривување на природната кривина на `рбетот – конвексно кон напред или конкавно кон назад. Ова резултира со притисок на петте лумбални дискови. Ваквиот притисок ги оштетува дисковите. Оштетените дискови вршат притисок на нервите кои минуваат низ ’рбетниот столб и поради тоа се појавува болката во грбот која најчесто е придружена со болка во нозете. Друга причина за болка е појавата на артритис на зглобовите кои се наоѓаат во задниот дел на `рбетот. Болката во грбот многу често се јавува кај повозрасната популација, односно причина за ваквата болка се дегенеративните процеси кои ги зафаќаат дисковите.

Какви испитувања треба да направам за да дознаам од каде доаѓа болката во грбот?

Испитувањата зависат директно од вашата состојба и времето на појава на болките. Најчесто користени дијагностички процедури се: рендген, магнетна резонанца, компјутерска томографија, електромиографија, скен на коски. ПЕТ/ЦТ се користи во случај на сомневање на примарен канцер во `рбетот или присуство на метастази кои потекнуваат од друг орган.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!