Витални и по 65-тата

Годините не смеат да ве направат мрзеливи и да влијаат врз активностите кои секојдневно сте ги правеле кога сте биле помлади. Затоа, за повозрасните постојат специјални вежби кои ќе им ја одржат формата и ќе им го подобрат целокупното здравје.

Експертите велат дека кратката прошетка од триесетина минути е совршена за да се започне ваквиот стил на живеење.

Прошетајте се пола час, доколку се изморите, одморете се кратко, потоа соберете сили и продолжете со прошетката. Луѓето кои ја извлекуваат најголемата полза од физичката активност, во секој случај, се оние кои лежењето на троседот и гледањето телевизија го заменуваат со кратка прошетка. Не треба ниту да се испотите за да го постигнете посакуваниот ефект.

Најдобар начин да ја одржите вашата форма и да го подобрите здравјето е да пешачите пет дена во неделата, а притоа да вклучите други активности од типот на пливање, статичен велосипед, па дури и танцување. Истражувањата покажале дека дневните активности од типот на миење садови и чистење се исто така супер начин за одржување на формата. Затоа станете од троседот и движете се.

Доколку сте во постојано движење, му овозможувате правилна работа на срцето, а со тоа го подобрувате нивото на ендорфин. Доколку се одлучите за вежбање, односно кревање тегови, најпрвин треба да се консултирате со доктор, кој треба да ја има предвид вашата возраст и актуелна физичка подготвеност. Поради ризикот од преоптоварување, тој ќе утврди дали воопшто смеете да го правите ова.

Вежбањето со тегови не само што ќе ја подобри вашата мускулатура туку многу добро ќе влијае и на вашите коски и рамнотежа. Запомнете дека секогаш треба да консултирате доктор, пред да се одлучите за овие вежби. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!