Земањето голема количина храна, особено таа што е богата со сол, и консумација на алкохол во големи количини доведува до нагло качување на крвниот притисок и самиот тој прави одредени проблеми во здравствената состојба кај луѓето. Прославата на новогодишните и божикните празници може лесно да се расипе ако не внимавате поради претераното консумирање руска салата, прасешко и друга тешка храна, но и ако претерате со алкохолните пијалаци. Лекарите предупредуваат да се јаде и пие умерено.
– За време на празниците, кога се консумира повеќе храна, а со тоа и повеќе течности, особено алкохол, се зголемува бројот на пациентите што имаат проблем со покачен крвен притисок, појава на неправилна срцева работа и болки во пределот помеѓу стомакот и градниот кош. Притисокот се покачува поради зголемен внес на сол, аритмиите се јавуваат како последица од труење со алкохол и наглите скокови на крвниот притисок, а болките во стомакот се најчесто последица од надразба на желудникот и жолчката. Процентот на акутни срцеви состојби за време на зимата се зголемува и од лошата исхрана и од лошите временски услови.
Земањето голема количина храна, особено таа што е богата со сол, и консумација на алкохол во големи количини доведува до нагло скокање на крвниот притисок и самиот тој прави одредени проблеми во здравствената состојба кај луѓето. Можни се акутни мозочни удари, до појава на одредени кардиоваскуларни состојби, а најопасна е дисекцијата, односно расцеп на главната крвна жила, која ја разнесува крвта низ телото.
Oдредени правила
Меѓу најбитните правила е консумирање храна во калории што треба да бидат внесени според физичката активност на луѓето во текот на денот. Правилата за службеници што седат и правилата за луѓе што работат на градежни објекти и се постојано во движење се тотално различни. Тие имаат различна потреба од калории во текот на денот појаснува лекарот додавајќи дека калориските вредности можеме да ги направиме и преку внесување на здрава храна, освен земањето голема количина маснотии и шеќери.
Според него, здравата исхрана зеленчук и овошје е храна што во себе има незаситени масни киселини и тоа прави да имаме помалку компликации поради лошата исхрана. Ова правило важи и за време на празниците.
Да се внимава секогаш на водење здрав живот, со внес на здрава храна и редовна физичка активност. Онаа храна што ја сакате е најдобра за вас, а секоја исхрана која во себе има здрави материи е добра. Луѓето што се изложени на студ треба да примаат повеќе калории бидејќи ќе ги потрошат на активности.
Консумирајте повеќе риба
Пржената риба е помалку корисна од печената. Храната треба да е подготвена на здрав начин, на плотни, без зејтин, со јодирана сол и маслиново масло. Модерните садови денес помагаат да не ставате многу масло за време на готвењето, дури има и специјални садови на пареа, кои не ја оптоваруваат храната со калории. Важна е и количината здрава храна значи консумација на 100-200 грама по оброк. Бидејќи ние како популација јадеме се, не сме вегетаријанци или не сме само месојади, секоја храна ни е битна во нашиот развој. Помладите луѓе треба да земаат повеќе храна, а постарите помалку. Во однос на алкохолот, како лекар никако не можам да кажам дека овие пијалаци претставуваат извор на енергија и храна што би била добра, бидејќи последиците од преголемо користење алкохол се акутни и хронични труења и ги гледаме секој ден..
По божикните пости да не се претера со месо и јајца
За лицата што се во божикни пости, при повторното консумирање на сите видови храна да внимаваат, особено во првите денови по прекинот на постот, бидејќи тогаш се најчести проблемите што се јавуваат со желудникот и жолчката.
За да не се случи тоа воведувањето на мрсната храна, месо и јајца треба да е со умерени количини во првите денови. Божикната софра, која најчесто преовладува со такви производи, треба да биде умерена, да се внесат од 100 до 200 грама месо. Инциденцата на кардиовакуларни настани поради прејадување не е толку голема, колку клиничката слика и болката што ја чувствуваат во пределот на границата помеѓу градниот кош и стомакот. Пациентите треба да се проверат при таква болка во однос на кардиоваскуларни, но и гастроинтестиналните заболувања.