Здравје од чинија – тиква

Тиквата не треба да се запоставува во секојдневната исхрана. Таа е богат извор на витамини и минерали. Сиромашна е со калории и е лесно сварлива. Содржи 90 % вода, 1,1 отсто белковини, 0,1 отсто масти и 5,5 проценти јагленохидрати. Бидејќи има многу мала енергетска вредност, особено е препорачлива за лицата со зголемена телесна тежина и за дијабетичари. Таа е добар диуретик, а се препорачува и при проблеми во желудникот, кога имате  потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки. Облоги од свежо изрендана тиква можат да се користат за ублажување на тегобите кај проширени вени.

Наспроти ниската калориска вредност, во жолтопортокаловите плодови е концентрирано големо богатство на витамини и минерали. Тиквата содржи калиум значаен за работата на срцето, фосфор и калциум кои соединети ги градат коските и забите, железото потребно за крвта, манганот кој е чувар на кожата и ’рскавицата. Богата е со бета-каротин силен оксиданс, но и со витамин Ц и Е кои се чувари на младоста. Тука се и витамините Б, кои се особено значајни за енергија и за нервниот систем.  Во својот состав има и пектини, целулоза, растителни влакна. Во 100 грама семки од тиква се содржани околу 600 калории. Семките се одличен извор на белковини, минерали и витамини. Содржат бета-каротен, фолна кисленина, калиум, фосфор и магнезиум. Преку семките ја добиваме и омега-3 масната киселина која е познат чувар на срцето, но и на видот и расположението.    

Уште еден производ од тиквата кој го предизвикува вниманието на лекарите е маслото од тиква, кое содржи мало богатство незаситени масни киселени, процент бета-каротен, витамин Е и калиум. Лецитинот содржан во маслото помага за спречување на артеросклероза и позитивно делува за намалување на холестеролот во крвта. Во 100 грама масло од тиква има 900 калории. Ако се плашите од калориите, помислете дека за вкусна салата доволна е само една мала лажичка масло. Најдобро е кога е ладно цедено исто како маслиновото масло.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!