Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Жените се поподложни на болки во зглобовите

Остеоартритисот е најчеста форма на артритис што ги напаѓа зглобовите на целото тело, но најголема предиспонираност имаат зглобовите на рацете, колената, колковите и ’рбетот. Настанува како последица на стареење на зглобовите при што се јавува дегенерација и оштетување на ’рскавично ткиво кое се наоѓа на зглобните површини. Со текот на времето болеста напредува и не е можно потполно излекување. Со поставување одредени животни навики и со дополнителни третмани може да се помогне во намалување на болката, забавување на прогресијата на болеста и подобрување на функцијата на зглобовите.

Остеоартритисот е најчеста форма на артритис што ги напаѓа зглобовите на целото тело, но најголема предиспонираност имаат зглобовите на рацете, колената, колковите и ’рбетот. Настанува како последица на стареење на зглобовите при што се јавува дегенерација и оштетување на ’рскавично ткиво кое се наоѓа на зглобните површини. Со текот на времето болеста напредува и не е можно потполно излекување. Со поставување одредени животни навики и со дополнителни третмани може да се помогне во намалување на болката, забавување на прогресијата на болеста и подобрување на функцијата на зглобовите.

Ризик фактори

Фактори што може да го зголемат ризикот од остеоартритис се:

  • Возраст – со годините се зголемува ризикот од остеоартритис
  • Пол – жените се поподложни на остеоартритис за разлика од мажите
  • Зголемена телесна тежина – на неколку начини го зголемува ризикот од остеоартритис. Прекумерната телесна тежина создава дополнителен притисок и стрес на зглобовите. Исто така, масното ткиво може да продуцира протеини кои предизвикуваат воспаление околу зглобовите.
  • Повреди на зглобовите – особено повторувачките спортски трауми врз одреден зглоб може да придонесат за развој на остеоартритис.
  • Генетска предиспозиција – кај некои луѓе постои генетска предиспозиција за развој на остеоартритис
  • Деформитети на коските – постоењето на вродени деформитети на коскено – зглобниот систем го зголемува ризикот од развој на остеоартритис. Други болести и состојби – дијабетес и други ревматски болести како ревматоиден артритис може да го зголемат ризи- кот од остеоартритис.

Компликации

 Остеоартритисот е дегенеративна болест која со текот на времето се влошува. Болките во зглобовите и ограничувањето во подвижноста ги отежнуваат секојдневните ак- тивности на овие пациенти.

Дијагноза

За време на физикалниот преглед, докторот ги прегледува погодените зглобови и го одредува постоењето на оток, болка при допир, црвенило, како и опсегот на движење. Исто така, може да бидат препорачани одредени снимања и лабораториски анализи.

Симптоми

Симптомите на остеоартритисот се развиваат бавно, постепено и се влошуваат со текот на времето. Тука спаѓаат:

  • Болка – најнапред болката се јавува во текот на подолго движење, за подоцна да е присутна и по помало оптоварување па дури и во мирување
  • Чувствителност – зглобовите се чувствителни на допир
  • Вкочанетост – карактеристична е утринската вкочанетост, која по кратко раздвижување се намалува
  • Флексибилност – се намалува опсегот на движење и мобилноста на зглобовите
  • Крепитации во зглобовите – во текот на движењето се слушаат крепитации (крцкање) во зглобовите.

Дијагностички постапки

Рендген – На рендген зраци не се гледа ’рскавичното ткиво, но може да се претстави стеснувањето на зглобниот простор, што укажува на ’рскавично оштетување.

Магнетна резонанца – се користи за добивање комплетна визуелизација на коскеното, ’рскавичното и другите мекоткивни структури во зглобот и нивниот степен на оштетување. Лабораториски анализи – може да помогнат за да се утврдат други причини за болка во зглобовите како ревма- тоиден артритис, гихт и други.

Третман

Не постои лек за остеоартритис, но аналгетската медикаментозна терапија, која се состои од нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) или ибупрофен, може да ја намали болката и да го олесни движењето. Одржување на соодветна телесна тежина е еден од најважните чекори за намалување на тегобите. Исто така, може да помогне и:

Физикална терапија – Преку одредени физикални процедури кои имаат аналгетско и антиинфламаторно дејство, како и при изготвување на индивидуална програма за вежбање, се зајакнуваат одредени групи мускули со што зголемува опсегот на движење и се намалува болката. При тоа терапевтот врши обука во однос на тоа како поедноставно да се извршуваат секојдневните активности.

Стегачи и ортози – Одредени ортопедски помагала може да помогнат за да се намали болката додека се движите. Овие ортози го намалуваат притисокот врз зглобот кој е погоден од остеоартритис.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!