Зголемен вагинален секрет

Најчеста причина за зголемен вагинален секрет кај женската популација се вагиналните инфекции (вагинити или колпити). Се јавуваат од најраната возраст (увенилен колпит), до најстарата возраст како – сенилен колпит. Зголемениот вагинален секрет може да биде и од неинфективна природа, поради зголемено лачење на вагинална и цервикална слуз, посебно во периодот на овулација.

Најчеста причина за зголемен вагинален секрет кај женската популација се вагиналните инфекции (вагинити или колпити). Се јавуваат од најраната возраст (увенилен колпит), до најстарата возраст како – сенилен колпит. Зголемениот вагинален секрет може да биде и од неинфективна природа, поради зголемено лачење на вагинална и цервикална слуз, посебно во периодот на овулација.

Доколку не се лекуваат и третираат правилно, вагиналните инфекции може да доведат и до несакани последици-стерилитет, спонтани абортуси и предвремени породувања(кај бремени жени), воспаленија на карличните органи и системски пореметувања.

Вагиналните инфекции се јавуваат при намалување на локалниот и системски имунитет, како сексуално преносливи болести- при честа промена на сексуални партнери,  при носење на тесна и синтетска облека, недоволна хигиена, неправилна исхрана, долготрајно користење на антибиотици и други лекови. Слузницата на вагината во нормални услови е обложена со сапрофитни бактерии, од родот на Lactobacillus-(Doderlein-ови бацили), кои гликогенот го претвораат во млечна кислелина и ја закиселуваат средината во вагината до ph-4, со што не се дозволува развој и намножување на патогените бактерии и габички.  Секое пореметување на киселоста во вагината ке доведе до пореметување на нормалната вагинална флора, намножување на патогените бактерии и габички и настанување на вагинална инфекција. Најчести инфективни причинители на вагиналните инфекции или колпити се:

-Габични инфекции, најчесто со родот Candida(Candida albicans, C.tropicals, C.galabrata…).

-Бактериски вагинози, предизвикани од цревна аеробна и анаеробна флора(Streptokoki, Stafilokoki, Gonokoki, Coli-бактерии…), Gardnerella vaginalis.

-Трихомонијази, предизвикани од Trichomonas vaginalis(протозоа).

-Интрацелуларни бактерии (Chlamidia, Micoplasma, Ureaplasma).

-Вирусни инфекции- HSV-2, HPV инфекции.

Поретко од гениталните инфекции кај нас, се јавуваат и гонореата, сифилис, СИДА, Хепатит Б и Ц. Сите овие инфекции спагаат во групата на сексуално преносливи болести и многу е значајно нивното откривање и навремен третман.

За спречување, навремено откривање и  лекување  на вагиналните инфекции потребни се редовни гинеколошки контроли. Некои од инфекциите се детектираат со ПАП тестот( Candida, Trichomonas vaginalis, Gardnerella vaginalis…), а за другите се земаат специфични микробиолошки брисеви (Chlamidia, Micoplasma-Ureaplasma)…  Во зависност од добиените резултати, вашиот гинеколог ке ви препише соодветна терапија(локална или системска), само за вас или и за вашиот партнер. За да биде ефикасно лекувањето на вагиналните инфекции, секогаш треба да биде спроведено од стручно лице-(гинеколог, микробиолог), а не на своја рака. По спроведената антибиотска или антимикотична терапија, пожелно е да се продолжи со имуностимулатори, со Lactobacilli -локално и системски и со витаминска терапија.

Редовните гинеколошки контроли, правилното сексуално однесување, хигиената,носење на памучна облека, избегнување на користење на хемиски агенси,  правилната исхрана и здравите животни навики, ке ја намалат зачестеноста и бројот на вагиналните инфекции-зголемен вагинален секрет..

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!