КОНЕЧНО: Неколку причини зошто ни опаѓа косата

Доколку губите повеќе од 100 влакна од косата во денот, во период од два, три месеци, тогаш ситуацијата е загрижувачка. Еве неколку фактори кои имаат удел во губењето на косата:

Есен

За време на летниот период постојаното изложување на сонце предизвикува зголемен раст на косата, а токму поради тоа таа опаѓа со поголем интензитет во текот на есента. Новите фоликули кои ќе ги заменат старите влакна се формираат во септември и октомври, а таквите фази траат околу шест недели.

Доколку губите повеќе од 100 влакна од косата во денот, во период од два, три месеци, тогаш ситуацијата е загрижувачка. Еве неколку фактори кои имаат удел во губењето на косата:

Есен

За време на летниот период постојаното изложување на сонце предизвикува зголемен раст на косата, а токму поради тоа таа опаѓа со поголем интензитет во текот на есента. Новите фоликули кои ќе ги заменат старите влакна се формираат во септември и октомври, а таквите фази траат околу шест недели.

Стрижење

Косата, како и сѐ друго, има свој животен циклус. Раст, стагнација и опаѓање. Кога е под константен стрес, животниот циклус на косата се нарушува и таа многу брзо опаѓа. На косата не ѝ одговара и кога е постојано врзана, кога премногу се фенира и се „мачи“ со секакви хемиски средства. Оставајте ја косата да се одмори.

Бременост

Губитокот на коса е поголем по породувањето отколку за време на бременоста. Породувањето е прилично стресен чин, а жените наглиот губиток на коса го забележуваат два до три месеци по породувањето.

Преголеми количества витамин А

Овој проблем се јавува кај жените кои земаат додатоци во исхраната, особено бета–каротен за побрзо темнење на кожата за време на сончањето.

Хормони

Наглите хормонски промени кои се случуваат поради разни фактори (бременост, менопауза) можат да предизвикаат губиток на косата. Исто така, доколку некој во вашето семејство имал проблеми со прерано губење на косата, тогаш и вие сте под поголем ризик.

Стрес

Емоционалниот стрес, за разлика од физичкиот поретко предизвикува губење на косата, што не секогаш е правило. Секојдневно сме изложени на стресни ситуации кои влијаат врз опаѓањето на косата.

Анемија

Секоја 10. жена на возраст од 20 до 49 години страда од недостиг на железо во крвта (најчест облик на анемија). Во поголемиот дел од случаите анемијата предизвикува ослабување на косата и нејзино опаѓање. Оваа состојба може да се спречи доколку се зголеми внесот на железо.

Но, и за проблемот со целосно окелавување има решение. За првпат во земјава на Одделот за дерматологија во Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ се користи револуционерна интервенција за лекување ќелавост со помош на FUE метода. Оваа минимално инванзивна микрохируршка процедура претставува најсовремено решение за проблемот со губење коса. Интервенцијата е безболна и се изведува со локална анестезија, со голема хируршка прецизност, не остава лузни и има минимална постоперативна болка, а за многу кратко време се постигнува природен изглед.

FUE методата се изведува со поединечно земање фоликули од влакното, најчесто од областа на тилот, и пренесување на места каде што недостасува коса. Постапката се изведува со помош на посебен апарат кој овозможува најпрецизно земање влакната, без лузни и без оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Индивидуалните фоликули се засејуваат во мали вдлабнатини на кожата, кои се со големина од 0.8 до1.2 милиметри. Со оваа постапка можат да бидат засадени над 3.000 фоликули, а постапката се изведува од 5 до 6 часа и потребен е период од 6 месеци за косата комплетно да израсне и да го добиете посакуваниот изглед и волумен. Процесот на заздравување трае од 7 до 10 дена.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!