Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Зошто срцето ми чука забрзано?

Нормалната срцева фреквенција во мир е помеѓу 60 и 95 удари во минута. Срцев ритам помал од 60 удари во минута е срцева брадикардија, кoја претставува нормален ритам кај активни или поранешни спортисти. Срцев ритам поголем од 100 удари во минута без физичка активност е срцева тахикардија која во некои случаи бара консултација со кардиолог. При физичка активност нормално е срцевиот ритам да се забрза, но постепено. Степенот на забрзување на срцевиот ритам зависи од физичката кондициска спремност на индивидуата. По физичката активност, срцевиот ритам постепено се враќа во нормални граници. Кај децата помали од 14 години, нормално е ритамот во мир да биде и поголем од 100 удари во минута.

Палпитации (срцева аритмија) се непријатни сензации на нагло, силно и брзо, регуларно или нерегуларно срцево работење. Оваа состојба пациентите најчесто ја опишуваат како „срцето ќе ми излезе од градите”, „срцето ме тера да дишам длабоко” или го „чувствувам срцето во грлото или вратот”. Д-р Иван Трајков, кардиолог-електрофизиолог, вели дека најчесто во основа на палпитациите не се работи за срцево заболување, но треба да се исклучат и други фактори кои може да доведат до тоа, како што се: eлектролитни нарушувања (дехидратација), психогени и социјални фактори, анемичен синдром (ниско железо и хемоглобин во крвта), ендокринолошки болести (тироидна жлезда, надбубрежна жлезда), белодробни заболувања, како и одредени лекови.

Важно е да знаете

Од кардиолошка гледна точка многу е битно дали аритмијата:

  • Започнува и се смирува нагло или постепено.
  • Дали е ритмична или аритмична.
  • Колку време трае.
  • Дали е придружена со симптоми.
  • Дали се појавува за првпат или се повторува. Доколку се повторува, дали е постојано иста причина за појавување или нема правило.
  • Дали пациентот знае за некоја досегашна срцева состојба која може да доведе со неправилна срцева работа.
  • Дали пациентот има податок за аритмии или други срцеви заболувања во фамилијата.
  • Дали се појавува во тек на денот или ноќта, во мир или при физичка активност, пред или по јадење.
  • Дали е придружено со болка во градите, стомакот или болка на друго место.
  • Бременост.
  • Да се исклучи постоење инфекција или фебрилна состојба.

Д-р Иван Трајков препорачува секогаш да се побара консултација со кардиолог доколку срцебиењето е придружено со вртоглавица, конфузност, губиток на свеста, силна главоболка, потешкотии во дишењето, градна болка која се шири кон вратот, долната вилица, рамената или горниот дел од грбот, кога срцевиот ритам е побрз од 140 удари во минута и трае подолго од 30 минути без физичка активност, и кога аритмија е придружена со покачен или намален крвен притисок.

Како се дијагностицира аритмијата

Единствен доказ за постоење срцева аритмија е електрокардиограм за време на срцебиењето. За да се исклучи срцево заболување како причина за срцевата неправилна работа, треба да се направат првични рутински иследувања, преглед, електрокардиограм во мир (да се исклучи постоење на вродени аритмии) или 24-часовно следење на срцевиот ритам (холтер следење), ехокардиографија (да се исклучи срцева слабост). Коронарен стрес-тест, доколку aритмичната срцева работа се појавува за време на физичка активност. Доколку не се најде срцева причина на рутинските иследувања, а пациентот се жали на срцебиење кое е побрзо од 150 удари во минута, а нема електрокардиограм за време на аритмијата, се препорачува и инвазивна дијагностика, електрофизиолошка студија.

Електрофизиолошка студија

Кога пациентот има електрокардиографски запис од клиничката тахикардија и истата има знаци за постоење кружна тахикардија, кај пациентот се предложува електрофизиолошка студија со аблација. Тоа е испитување при што се добива аритмијата и во исто време се лекува. По тоа пациентот нема аритмија.

Препораки за намалување на забрзана срцева работа

  • Да се намали вознемиреноста, да се избегнуваат стресни ситуации.
  • Да се намали консумирањето кафе, чај или други пијалаци кои содржат кофеин, теофилин или таурин кои се причина за срцебиење.
  • Прекин на пушење или други продукти кои содржат никотин.
  • Прекин на консумирање алкохол.
  • Да се избегнуваат стимулативни лекови.
  • Да се избегнуваат познати алергени (храна).
  • Да се избегнуваат лекови против кашлица, настинка и бронхитис.
  • Редовна физичка активност, минимум 30 минути на ден (5 дена во неделата).
  • Намалување на телесна тежина.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!