Болни и отечени нозе? Неколку совети како да си помогнете

Отоците настануваат како резултат на задржување на водата во  зглобовите и долниот дел на нозете. Постојат голем број состојби и болести кои може да бидат причина за појава на отоците. Најчести причини се: прекумерна телесна тежина, срцева или бубрежна слабост, остеоартрит, цироза, скршеница, потхранетост, висок крвен притисок, намалена функција на тироидната жлезда, ПМС, нарушена циркулација, болест на крвните садови… Под влијание на хормоните, отоци се јавуваат и за време на  бременоста.

Анални пукнатини – фисури

Болка, чешање и крвавење се само дел од симптомите кои пациетите ги препишуваат на хемороидите. Но, дали знаете дека постои уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини.

„Аналните пукнатини се мали расцепи во пределот на анусот. Најчесто се во облик на солза и предизвикуваат болка, крвавење и чешање многу поголемо од тоа кое се јавува кај хемороидите. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели“, објаснува д-р Тони Јосифовски .