Напнатост и стрес пред празниците

Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршувањето на празникот и сл.. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините.

Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршувањето на празникот и сл.. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините.

Празничен стрес

Празниците секогаш асоцираат на убаво расположение, а сеќавањата кои се задржуваат во помнењето се главно само пријатни спомени на празниците кои останале зад нас. Меѓутоа, повеќето луѓе во многу наврати во животот почувствувале стрес којшто е позврзан со празниците. Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршувањето на празникот и сл. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините. Тој најчесто се манифестира со раздразливост или депресија кои се јавуваат пред одредени годишни, како што се сопствените родендени, семејните годишнини, новогодишните празници, годишнините од матурирање и сл. Симболиката на годишнините се крие во фактот што тие претставуваат индикатор за стареењето, но тој факт не е единствената причина за лошото расположение пред овие настани. Секако, изворот на таквото лошо расположение секогаш се наоѓа во несвесната психа, колку и да постои јасно рационално образложение за тоа. Генерално земено, луѓето различно го чувствуваат и манифестираат сопствениот стрес, а тоа пред сè зависи од индивидуалните психолошки капацитети.

Неизвесноста неминовно носи стрес

Стресот кој со себе го носи денешницата, дополнително ја зголемува празничната напнатост. Луѓето работат исклучително напорно, стануваат изморени и исцрпени, и со нетрпение го чекаат одморот или празникот, за да земат здив. Неколкуте дена надвор од работното место им значат сè: одмор, забава, релаксација и закрепнување. Од тие причини, најчесто се стремиме совршено да го поминеме времето без работа и доколку нешто не ни оди по планот, тоа екстремно нè вознемирува. Сепак, јасно е дека кога носиме со себе толку многу стрес во деновите кои треба да ни послужат за одмор и релаксација, шансите да бидеме во стрес во текот на тие денови ни се исто така многу големи. Со самото тоа што претставуваат промена во однос на секојдневниот вообичаен ритам, празничните денови се стресни. Познато е дека секоја промена во животот го покачува стресот, без разлика дали зборуваме за несреќни или среќни настани и ситуации, за промени кон лошо или кон добро.

Рецепти за надминување на стресот

Во литературата можат да се пронајдат најразлични рецепти за надминување на празничниот стрес. Во достапната литература денес на луѓето им се нудат разни правила кои треба да ги следат, со цел да ја намалат сопствената напнатост во периодите на празниците и одморите. Но, она што е најважно да се знае е дека не можеме да избегаме од фактот дека нашиот стрес е секогаш резултат на нашите сопствени фрустрации, кои потекнуваат од нашите лични внатрешни неразрешени стравови, кои со себе ги носиме уште од најраното детство. Од таму, празничниот стрес е само варијација на стресот кој го манифестираме на сличен начин, но во различни други прилики. За утеха, не постојат апсолутно психолошки интегрирани личности кои совршено би се справувале со стресот. Затоа, она кон што треба да се стремиме да го постигнеме е да се разбере сопствената потреба за „контрола“ и стравот од губиток на истата. Со други зборови, важно е пред сè да научиме и да си дозволиме да живееме со извесна доза на несигурност и неизвесност, кои секогаш се неизбежни во животот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!