Анални пукнатини – фисури

Болка, чешање и крвавење се само дел од симптомите кои пациетите ги препишуваат на хемороидите. Но, дали знаете дека постои уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини.

„Аналните пукнатини се мали расцепи во пределот на анусот. Најчесто се во облик на солза и предизвикуваат болка, крвавење и чешање многу поголемо од тоа кое се јавува кај хемороидите. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели“, објаснува д-р Тони Јосифовски .

Болка, чешање и крвавење се само дел од симптомите кои пациетите ги препишуваат на хемороидите. Но, дали знаете дека постои уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини.

„Аналните пукнатини се мали расцепи во пределот на анусот. Најчесто се во облик на солза и предизвикуваат болка, крвавење и чешање многу поголемо од тоа кое се јавува кај хемороидите. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели“, објаснува д-р Тони Јосифовски .

 

Превенција

Постојат неколку едноставни превентивни мерки за да го намалите ризикот како:

Пијте многу вода – хидратацијата помага да се избегне запекот

Земајте лекови кои ќе ја подобрат работата на дигестивниот систем

Внимавајте на исхраната и бидете сигурни дека внесувате многу растителни влакна. Одберете посно месо и риба наместо црвено месо. Немојте целосно да ги исклучите мастите од исхраната бидејќи одредена количина помага за подмачкување и правилно функционирање на дигестивниот тракт.

Компликации

Во мал број случаи аналната фисура може да биде и влезна врата за појава на перианални апсцеси (гноење) и трајно оштетување на внатрешниот свинктер на аналниот канал. Ризик фактори Овие промени може да се појават кај секого, но постојат причини кои можат да го зголемат ризикот. Отежнатото празнење, потоа тврдата столица и вирусните инфекции може да доведат до нивна појава. Исто така, за причина се смета и дијареата.

„Секогаш кога правите промени во однос на исхраната, држите диети или имате дијареа кај вас се зголемува ризик факторот за појава на анални пукнатини. Често се појавуваат по долго патување или по породување. Аналниот сексуален однос и неадекватен ректален преглед исто така може да доведат до појава на фисурите“, објаснува д-р Јосифовски.

Дијагноза

Аналите пукнатини можат да бидат поплитки или подлабоки, а се дијагностицираат со анална инспекција со аноскоп и врз основа на тоа се прави и хируршката интервенција. Затоа кога се сомневате дека имате анална пукнатини – веднаш побарајте помош од вашиот лекар и ќе ги дознаете најдобрите опции за третман за вас.

Лекување

Д-р Јосифовски советува доколку имате проблеми, побарајте помош од вашиот лекар кој ќе ви постави дијагноза и ќе види дали станува збор за хемороиди, апцеси, инфекции или посериозни промени. Третманот најчесто почнува со промени во начини на живот и одредени лекарства. Доколку не се подобри состојбата решение е хируршки третман.

Топла бања – голем број пациенти чувствуваат подобрување кога ќе се релаксираат во топла бања по празнење на цревата. Водата не треба да е премногу топла, едноставно пријатна. Таа ќе ги релаксира мускулите.

Медицинска терапија – вашиот доктор ќе ви препорача лекови и масти кои ќе ја релаксираат мускулатурата околу аналниот отвор.

Хируршки третман – кога конзервативните третмани немаат ефект тогаш се преминува на хируршки третман. Еден од нив е ботокс третманот во пределот на анусот кој ги парализира мускулите и спречува појава на грчеви. Друга опција е внатрешна сфинктеротомија која го ослободува спазамот од оштетениот свинктер и се постигнува излекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!