2000 Македонци годишно имаат срцев удар

Дали знаете да ги препознаете симптомите?

Ниеден срцев удар не е ист. Некој кој имал срцев удар може да има повторно, но со сосема различни симптоми.

Првите знаци и симптоми се разликуваат кај секој пациент. Срцевите удари не секогаш се ненадејни и жестоки. Во многу случаи тие почнуваат полека, со блага болка и непријатност. Некои лица воопшто немаат болка во градите –само непријатно чувство во горниот дел од телото.

sistina

Ако ги препознаете првите знаци на срцев удар и брзо реагирате, може да го спасите срцевиот мускул од поголеми оштетувања, а со тоа и да си го спасите животот. Многу пациенти починале од срцев удар зашто доцна побарале лекарска помош.

Лицата кои преживеале срцев удар се во поголема опасност од повторен срцев удар. Пациентите со коронарна болест мораат редовно да одат на контроли.

Најчестите симптоми и први знаци

Срцевиот удар може да се манифестира многу различно, но, сепак, најчести симптоми и знаци се следниве:

1. Тегоби во градите (т.н. граден дискомфорт) манифестирани како градна болка, притисок, стегање, тежина во градите. Тегобите се чувствуваат најчесто во пределот на градната коска и најчесто во поширока регија

2. Дискомфорт во други делови од телото како болка, стегање во рамењата, грбот, многу почесто во левото рамо, но понекогаш и во десното, потоа во горниот дел од стомакот, во вратот и долната вилица

3. Отежнато дишење, односно чувство на недостиг на воздух

4. Мачнина, гадење, нагони за повраќање

5. Општа слабост и малаксаност

6. Препотување со ладна пот

7. Забрзана срцева работа, но може да се јави и забавена или неправилна срцева работа, односно аритмија

8. Крвниот притисок е обично покачен, а поретко тој е низок, дури и немерлив.

Сите овие симптоми може да бидат со различна јачина, а со тек на време стануваат сè појаки, но може да се јавуваат и периодично. Поретко може да бидат и со многу слаб интензитет, „тивки”, обично кај пациентите со шеќерна болест. Овие пациенти можат да го пребродат срцевиот удар, дури и без да се јават на доктор. Медицинска помош ќе побараат подоцна кога веќе ќе се јават сериозни компликации од болеста, како што е срцевата слабост.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!