Миењето раце е најлесниот начин да се заштитите од инфекција. Тоа е еден од најдобрите начини да се спречат болестите и нивното ширење. За да ги измиете рацете потребно е само сапун и чиста вода или средство за дезинфекција на раце на база на алкохол – средство кое се употребува без вода.
Кога треба да ги миете рацете?
Со допирањето на луѓе, површини и предмети во текот на денот бактериите се пренесуваат на рацете. Со микроорганизми можете да се инфицирате доколку ги допрете очите, носот или устата. Иако е невозможно да ги избегнувате целосно бактериите, доколку ги миете често рацете можете да се заштитите од бактериите, вирусите и другите микроорганизми.
Секогаш практикувајте да ги миете рацете пред:
– Да подготвите храна или да јадете
– Лекувате рана, давате лекарства или се грижите за болен или повреден човек
– Кога ставате или вадите леќи од очите
Секогаш практикувајте да ги миете рацете по:
– Подготвување на храна, особено кога станува збор за сирово месо или живина
– Кога одите во тоалет или менувате пелени
– Допирате животни или животински играчки, ремени или измет
– По дување нос, кашлање или кивање
– Лекување рани или по грижата на болен или повреден човек
– По фрлање ѓубре, по употребата на средства за домаќинство или градинарство или други предмети кои можат да се заразени – како на пример чистење ткаенини или валкани чевли
Дополнително, мијте ги рацете секогаш кога ви се чинат валкани.
Како да ги миете рацете?
Најдобро е да ги миете рацете со сапун и вода. Следете ги следните инструкции:
– Навлажнете ги рацете со вода
– Ставете сапун
– Направете пена со триење на рацете
– Тријте ги рацете најмалку 20 секунди. Истријте ја цела површина, вклучувајќи ја и задната страна на рацете, зглобовите, меѓу прсти и под ноктите.
– Исплакнете добро
– Исушете ги рацете на апарат за сушење раце или избришете ги.
Имајте предвид дека антибактерискиот сапун не е поефикасен од обичниот сапун. Користењето на антибактериски сапун може да доведе бактериите да станат отпорни на антимикробни агенси кои се наоѓаат во продуктот – и во иднина би било потешко да се уништат ваквите бактерии.
Како да употребите средство за дезинфекција на раце?
Средствата за дезинфекција на раце кои се на база на алкохол и со кои не треба да се користи вода се прифатлива алтернатива кога водата и сапунот не се достапни. Доколку се одлучите да користите средство за дезинфекција на раце, тоа треба да содржи најмалку 60% алкохол.
Потоа следете ги чекорите:
– Ставете во раката доволно за да ги натопите рацете насекаде.
– Тријте ги рацете покривајќи ја цела површина, сè додека не станат суви рацете.
Антибактериските влажни марамчиња се исто така ефикасна опција. Барајте да имаат висок процент на алкохол. Доколку рацете се видливо валкани, измијте ги со вода и сапун.
И децата треба да имаат чисти раце
Помогнете им на децата да бидат здрави со тоа што ќе ги научите како правилно да ги мијат рацете. Мијте ги рацете заедно со детето со цел да му покажете како се прави. За да го забавите процесот, мијте ги рацете сè додека не ја испеете „Happy birthday“ двапати. Можете да прикачите потсетник во висина на неговите очи, како на пример во тоалет, кој детето ќе го забележи секојпат кога ќе треба да ги измие рацете. Ако вашето дете не достигнува, ставете столче покрај мијалникот.
Доколку водата и сапунот не се достапни, средствата за дезинфекција на раце се сосема добри за вашето дете. Потсетете го детето да внимава да се исуши средството на рацете пред да допре нешто. По употреба тргнете го средството на соодветно место.
Миењето раце е од особено важно за здравјето на детето. Децата кои се во групи надвор од домот, градинка или училиште, имаат поголем ризик за респираторни и гастроинтестинални заболувања, кои можат да се рашират и на членовите на семејството.
Едноставен начин да се остане здрав
Миењето раце не одзема многу време или напор, но е одлично за спречување заболувања. Со оваа навика можете да го заштитите вашето здравје.