Разрешени осумте најголеми митови за акните
Штом ќе се појават мозолчиња, секако, по нив следуваат и совети за нивно третирање и превенција. Но, овие совети не се секогаш медицински докажани.
Составивме листа од осум најчести мислења кои преовладуваат кога станува збор за акните:
1. Пастата за заби ќе го исуши мозолчето
Можеби, но не правете го тоа. Производите за заби може да исушат мозолче, но притоа може да ја направат кожата сува, перутава и воспалена. Со други зборови, не практикувајте го ова по дома, и користете бензол пероксид за измивање.
2. Чоколадото е виновно за мозолчиња
Ова тврдење сe уште не е докажано. Но, храната која содржи млечни производи и високо ниво на шеќер се поврзува со појава на акните. Поради тоа, доколку чувствувате дека чоколадото ви влијае врз појава на акни, избегнувајте го. Исто така, луѓето обично јадат чоколадо кога се под стрес, што може да игра улога во целокупниот процес.
3. Доколку го стиснете, мозолчето по брзо време ќе се изгуби
Иако сите го правиме тоа повремено, и ни изгледа како најбрз начин, можно е да останат лузни. Кога ја исцедувате содржината на мозолчето, всушност ја туркате навнатре.
4. Поради вежбањето ми се јавуваат мозолчиња
Вистина, но не мора да биде така. Доколку потта се задржува подолго време на вашата кожа, можно е да ви се појават акни. По вежбањето задолжително истуширајте се.
5. За време на менструалниот циклус, ми се појавуваат повеќе мозолчиња
Вистина. Хормоните играат улога во појавата на акните. Можна е појава на мозолчиња за време на менструалниот циклус или за време на бременоста. Контрацептивните лекови понекогаш можат да бидат ефикасен третман за контролирање на акните.
6. Возрасните не треба да имаат мозолчиња
Навистина честа изјава за која сите би сакале да е вистина. Но, не само што акните може да продолжат во зрелоста туку одредени луѓе ги добиваат поради дисбаланс на хормоните во телото.
7. Бричењето прави да ми се појават мозолчиња
Поткожни влакна понекогаш наликуваат на мозолчиња. Бензол пероксидот, кој најчесто се препорачува за акни, може да помогне. Препорачуваме бричење со електричен жилет или навремено бричење, со тоа што може да се олесни иритацијата.
8. Солариумот ќе ми помогне во чистењето на кожата
Можеби е вистина, но нема причина за оваа опција. Никој не би сакал да се изложи на ризик од канцер на кожа со цел да добие чисто лице.